Ристо Јуруков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ристо Јуруков од студентските денови во Загреб - 1953 г.

Ристо Јуруков е роден во Кочани, на 5 јуни 1927 година. Мајка му, Сава Јурукова, потекнувала од Охрид. Татко му Стојан, по потекло од Штип бил крчмар и трговец кој по едно патување од Солун запрел во Кочани. Ристо бил второ дете на Стојан и Сава.

Основно училиште завршил во Кочани, а средно - гимназија во Штип. Бил добар математичар, па како што било практика тоа време, по препорака на професорите заминал да учи Електротехнички факултет во Загреб, иако самиот не ја криел својата љубов кон музиката и желба за професионална ориентација. Додека ја струдирал првата година на Електротехничкиот факултет во Загреб се дружел со Македонците од Загрепскиот конзерваториум, со чија поддршка (посебно на Кирил Македонски) успеал да се пренасочи на студиите по музика. Јуруков студирал заедно со првата генерација македонски музичари : Кирил Македонски, Тома Прошев, Трајко Прокопиев. Бил на отсекот обоа, но научил да свири и кларинет, труба, виолина и клавир.

Ристо Јуруков е основач на основното музичко училиште во Кочани, кое денес го носи неговото име.[1]

Негови композиции за деца се влезени во содржините на учебници по Музика. Во Музичкото училиште останал до 1978 година, кога се вработил во Домот на културата “Бели мугри” од каде заминал во пензија. Се јавува во улога на диригент на неколку оперети “Загорски трендафил”, (мај 1958 г.), “Зајко кокорајко”(1960 г.), “На кривиот пат”, “Наталка Полтавка”, “Шумска приказна”, ”Бегалка”.

Почина на 1 декември 1998 година во Кочани.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Монографија “50 години музичко училиште - Кочани“, Љубинка Ајтовска, Јованка Милојевиќ, Кочани - мај 2007