ОУ „Раде Кратовче“ - Кочани
Раде Кратовче | |
|---|---|
Зградата во 2023 година | |
| Место | |
| Општина: | Општина Кочани |
| Наречено по: | Раде Кратовче |
| Нас. место: | Кочани |
| Адреса: | ул. „Борис Трајковски“, бр. 42 |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Основано: | 1985 |
| Директор: | Виолета Апостолова |
| Број на ученици: | 410 (2023/24) |
| Настава на: | македонски |
| Контактни информации | |
| Мреж. место | www.radekratovce.edu.mk/ |
| Е-пошта | radekratovce@gmail.com |
| Телефон | 033/274-037 |
| Факс | 033/274-037 |
Основно училиште „Раде Кратовче“ (официјално: Основно општинско училиште „Раде Кратовче“ - Кочани; скратено: ООУ „Раде Кратовче“) — централно основно училиште во градот Кочани, Општина Кочани.[1]
Училиштето го носи своето име по учесникот во Народноослободителната борба, Раде Кратовче.
Во состав на училиштето работи едно подрачно училиште во Нивичани.
Историја
[уреди | уреди извор]
ОУ „Раде Кратовче“ е најстарото постоечко училиште во Кочани. Неговата зграда била изградена во 1936 година. Првото име на училиштето било „Доситеј Обрадовиќ“, според српскиот писател Доситеј Обрадовиќ, а по ослободувањето, го добило името според македонскиот партизан Раде Кратовче. Првично, зградата на училиштето имало само 1 кат. Иако зградата на училиштето била изградена во 1936 година во него не биле држени часови до 1939 година. Од 18 декември 1944 година, училиштето работело како прогимназија, а од учебната 1945/46 година веќе работи како гимназија. Гимназиската настава во зградата била изведувана сè до полугодието на учебната 1954/55 година од каде што се преселила во новоизградена училишна зграда на сегашното основно училиште „Никола Карев“.[2] Вториот кат бил изграден во 1963 година.[3]
ОУ „Раде Кратовче“ во 2007, 2009, 2011 и 2014 година, добило „Зелено знаме“ за еко-училиште од Светската организација ОХО.[4]
Досегашни директори
[уреди | уреди извор]Настава
[уреди | уреди извор]Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.
Подрачни училишта
[уреди | уреди извор]Во составот на училиштето влегува следново подрачно училиште:
- ПУ „Раде Кратовче“ - Нивичани, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед од северозапад
- Поглед од запад
- Поглед од запад
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-09.
- ↑ Александра (27 декември 2015). „Гимназијалци - 1955-56 г.“. oldkocani.do.am. Архивирано од изворникот 2023-09-29. Посетено на 29 септември 2023.
- ↑ „Историјат“. ОУ „Раде Кратовче“. Архивирано од изворникот 2020-09-28. Посетено на 29 септември 2023.
- ↑ „ОСНОВНИ УЧИЛИШТА“. Општина Кочани. Архивирано од изворникот 2018-11-07. Посетено на 29 септември 2023.
- ↑ Александра (5 ноември 2017). „Учители - Кочани“. oldkocani.do.am. Архивирано од изворникот 2023-09-29. Посетено на 29 септември 2023.
- ↑ „Директор“. ОУ „Раде Кратовче“. Архивирано од изворникот 2020-09-28. Посетено на 29 септември 2023.
- ↑ „Директор“. ОУ „Раде Кратовче“. Архивирано од изворникот 2023-01-23. Посетено на 29 септември 2023.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
ОУ „Раде Кратовче“ - Кочани на Ризницата ?- Матична страница
| ||||||||||||||||||||||||||||||||

