Горни Подлог

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Горни Подлог
Горни Подлог is located in Македонија
Горни Подлог
Местоположба на Горни Подлог во Македонија
Координати 41°57′52″N 22°23′0″E / 41.96444° СГШ; 22.38333° ИГД / 41.96444; 22.38333Координати: 41°57′52″N 22°23′0″E / 41.96444° СГШ; 22.38333° ИГД / 41.96444; 22.38333
Регион Logo of Eastern Region, North Macedonia.svg Источен
Општина Coat of arms of Kočani Municipality.svg Кочани
Население 704 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2300
Повик. бр. 033
Надм. вис. 313 м


Горни Подлог е село во Општина Кочани, во околината на градот Кочани.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Кочанската Котлина, од десната страна на реката Брегалница. Селото е рамничарско, на надморска височина од 314 метри. Оддалечено е 4 килиометри од Кочани.

Историja[уреди | уреди извор]

Во XIX век Горни Подлог било дел од Кочанската каза на Отоманската Империја.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Горни Подлог живееле 230 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долни Подлог имало 280 Македонци, егзархисти.[2]

Според пописот од 2002 година, селото има 704 жители, од кои 702 Македонци, 1 Србин и 1 Влав.[3]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 230[1] 280[2] 435 531 668 713 747 758 749 704

Родови[уреди | уреди извор]

Горни Подлог е македонско село.

Според истражувањата од 1959 година, родови во селото се:

  • Родови доселени во текот на турското владеење: Ефремовци (5 к.) и Газарци (3 к.) потекнуваат од ист предок. Доселени се од селото Тркање; Наневци (11 к.) и Лазаровци (5 к.) доселени се, но не знаат од каде; Кузмановци (3 к.), Витановци (2 к.) и Зашовци (2 к.) порано биле еден род. Доселени се, но не знаат од каде; Андовци (3 к.), Таневци (3 к.) и Тоневци (3 к.) доселени се од селото Мојанци; Теренчанци (5 к.) доселени се од селото Теранци; Манчевци (3 к.) и Денковци (2 к.) доселени се од селото Долни Подлог; Атанасовци (3 к.) доселени се од селото Безиково; Ѓерасимовци (2 к.) и Уткинци (2 к.) доселени се од селото Соколарци; Мустревци (2 к.), Комарци (1 к.) и Тасевци (1 к.) порано биле еден род, и доселени се од селото Мојанци; Домазетовци (3 к.), Андовци (3 к.), Чанданци (3 к.), Миајловци (1 к.), Грашковци (5 к.) и Давидовци (2 к.) сите овие родови се доселени, но не знаат од каде.
  • Родови доселени од 1912 до 1946 година: Грковци (2 к.) доселени се од селото Мојанци; Рашковци (2 к.) доселени се од некое село Чурилек кај Делчево; Маријинци (3 к.) доселени се од селото Облешево; Сандо (1 к.) доселени се од селото Пашаџиково; Лазар (1 к.) доселени се од селото Полаки; Шутевци (5 к.) доселени се во 1942 година од селото Пресека; Безинковци (2 к.) доселени се во 1946 година од селото Безиково; Малин (1 к.) доселени се од селото Речани; Трајан (1 к.) доселени се од селото Касир на Осогово.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.227.
  2. 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рp. 132-133.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Сателитска снимка на Горни Подлог на Google Maps.