Нивичани
Нивичани | |
Координати 41°57′19″N 22°20′14″E / 41.95528° СГШ; 22.33722° ИГДКоординати: 41°57′19″N 22°20′14″E / 41.95528° СГШ; 22.33722° ИГД | |
Општина | Кочани |
Население | 343 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2300 |
Шифра на КО | 13025 |
Надм. вис. | 682 м м |
Нивичани — село во Општина Кочани.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Историја[уреди | уреди извор]
Подрачјето на Нивичани е населено уште од неолитот, за што сведочи наоѓалиштето Дамјаница на 3 км југоисточно од селото. Покрај тоа, целиот атар изобилува со остатоци од градби од доцната антика.
Демографија[уреди | уреди извор]
Во 2002 година во селото живееле 343 жители.
Родови[уреди | уреди извор]
Нивичани е македонско село.
Родови во селото се: Орашци (7 к.) најстар род во селото, можеби се староседелци; Ралевци (10 к.) и Терзици (8 к.) порано биле еден род, доселени се од некое село во Скопско, го знаат следното родословие: Стојко (жив на 56 г. крајот на 50-тите) Атанас-Јосиф-Трајчо, се доселил неговиот дедо; Парастаци (11 к.) потеклото им е од Саса кај Македонска Каменица; Огњановци (5 к.), Деповци (4 к.), Џирговци (2 к.) и Миленковци (1 к.) за нивното место на старина не се знае, родовите Деповци и Миленковци порано имале многу повеќе куќи, но се расипале; Прдлевци (5 к.) доселени се од некое село крај Вардар, затоа порано ги викале Вардарци, го знаат следното родословие: Тодор (жив на 41 г. крајот на 1950-тите) Спиро-Стојмен-Сребрен-Велко, кој се доселил; Шоповци (4 к.) доселени се од селото Пашаџиково во 1910 година.[1]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 870 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[2]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 248 гласачи.[3]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви
- Археолошки наоѓалишта[4]
- Во Селото — населба од доцноантичко време
- Градиште — градиште од доцноантичко време
- Дамјаница — населба од неолитско време
- Ѓурова Ливада — населба од доцноантичко време
- Митров Дол — некропола од доцноантичко време
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Од ова село највеќе иселеници има во Кочани. Таму се иселиле преку 20 семејства. Некои се иселени во Кочани уште од 1905 година.
До 1959 година 3 семејства се иселиле во Скопје, а 2 семејства се иселиле во Белград.
Иселеници исто така има и во некои пониски кочански села, како Долни Подлог (Митеви и Доневи), Бања (Парастаци). Во Мојанци е иселено 1 семејство. А исто така и во Облешево.[1]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 178-179. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|