Горно Гратче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Горно Гратче
Горно Гратче is located in Македонија
Горно Гратче
Местоположба на Горно Гратче во Македонија
Координати 41°58′37″N 22°24′38″E / 41.97694° СГШ; 22.41056° ИГД / 41.97694; 22.41056Координати: 41°58′37″N 22°24′38″E / 41.97694° СГШ; 22.41056° ИГД / 41.97694; 22.41056
Регион Logo of Eastern Region, North Macedonia.svg Источен
Општина Coat of arms of Kočani Municipality.svg Кочани
Население 13 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2300
Повик. бр. 033
Надм. вис. 990 м
Горно Гратче на општинската карта
Горно Гратче во Општина Кочани.svg

Атарот на Горно Гратче во рамките на општината


Горно Гратче е село во Општина Кочани. Селото се наоѓа на девет километри североисточно од градот Кочани. Според класификацијата на Министерството за локална самоуправа на Македонија, Горно Градче спаѓа во категоријата ридско-планински села. Според последиот попис од 2002 година, селото имало 13 жители.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Горно Гратче се наоѓа на еден ридест простор, на источната страна од општината Кочани, во близина на Кочанското Езеро, 9 километри североисточно од градот Кочани. Се работи за планинско село кое се наоѓа на надморска височина од 900 метри. Селото има мал атар од 5,4 квадратни километри.[1]

Историja[уреди | уреди извор]

Во 19 век Горно Гратче било дел од Кочанската каза на Отоманската империја. Според податоците на бугарскиот публицист Васил Канчов, селото, заедно со Долно Гратче во 1900 година имало 175 жители Македонци Христијани.[2]

На почетокот на 20 век, според Бугаринот Димитар Мишев, селото во 1905 година имало 216 жители.[3]

Економија[уреди | уреди извор]

Обработливото земјиште зафаќа 77,6 хектари, пасиштата зафаќаат 198,8 хектари, додека 180,9 хектари се шуми. Селото нема развиено земјоделство.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1961 години бројот на жители изнесувал 191, а во 1994 година селото имало само 15 жители, македонско население. Според последниот попис од 2002 година, селото имало 12 жители Македонци.

Родови[уреди | уреди извор]

Горно Гратче е македонско село.

Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Вировчани (8 к.), Буковчани (5 к.) и Мирновчани (4 к.) доселени се од селото Долно Гратче. Изгледа таму биле староседелци; Боровчани (6 к.), Ржавчани (4 к.), Митковци (3 к.), Анџије (3 к.), Чукарчани (3 к.) и Грамадчани (2 к.) гранки се од претходните родови.[4]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

На 8 мај 2005 се случил дел од централниот дел од "семакедонски и космополитски" собир, организиран од сдружението "Круна Мактеон" од Кочани и познатиот рокер Симеон Иванов-Канго.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Панов, Митко: Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија, Скопје, 1998, 76 стр.
  2. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.227.
  3. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рp. 132-133.
  4. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Сателитска снимка на Горно Гратче на Google Maps.