Стадион Никола Мантов
Стадион “Никола Мантов“ | |
---|---|
Поглед кон источната трибина | |
Место | Кочани, Македонија |
Отворен | 1952 |
Проширен | 1980 (источна трибина) 1994 (западна трибина) |
Сопственик | Општина Кочани |
Оператор | ФК Осогово |
Подлога | трева |
Игра | ФК Осогово, ФК Кочани |
Гледачи | 4.000 |
Стадионот Никола Мантов е фудбалски стадион во Кочани со сместивост од околу 4.000 гледачи. На него играат екипите на ФК “Осогово“ и ФК “Кочани“.
Општи податоци[уреди | уреди извор]
Стадионот е сместен во јужниот дел на Кочани, има две иградени трибини: источна со 2.750 места за седење (во употреба од 1980 г.) и западна со околу 1.250 места за седење. Од 1994 година, околу една третина од западната трибина е покриена.
Во подтрибинскиот простор на источната трибина е сместен ресторан со сместивост од 340 места, во чиј состав работи и мотел со 22 двокреветни соби. Во склоп на западната трибина се клупски простории, соблекувални, бањи, канцеларии, сала за состаноци, прес сала, сала за стрелиште и други помошни простории. Во продолжение на главниот терен за игра, на јужната страна, се протега и помошен терен за тренинзи.
Историја[уреди | уреди извор]
Изградба и проширување[уреди | уреди извор]
Стадионот бил отворен во 1952 година, односно за сезоната 1952/53. Тогаш била изградена старата западна трибина со сместивост од 800 седишта. Во 1962 година, фудбалскиот терен добил свој дренажен систем. Поради застареност на западната трибина, во 1980 година била изградена источната трибина со околу 2.750 места за седење. Во 1994 година, била изградена сосема нова западна трибина со околу 1,250 места.[1]
Име на стадионот[уреди | уреди извор]
Во 1973 година, ФК Осогово играл во тогашната Македонска републичка лига (трето ниво на натпреварување во поранешна Југославија). Таа сезона, во рамките на 34-то коло, на 1 јули 1973 година, “осоговци“ биле домаќини на средбата со ФК “ФАС 11 Октомври“ од Скопје.
Во 10-та минута од првото полувреме, при резултат 1:0 за домаќините, како последица од срцев удар, на теренот како покосен паднал 23-годишниот фудбалер на “Осогово“, Никола Мантов - Мендиз. Младиот играч, студент на втора година на Машинскиот факултет во Битола, веднаш бил префрлен во болницата во Кочани, но лекарите можеле само да ја констатираат смртта. Главниот судија Ратко Ѓорѓиоски од Прилеп веднаш го прекинал натпреварот, а присутните 2.000 гледачи по соопштувањето на жалната вест, со насолзени очи го напуштиле стадионот.[1]
Во својата кратка фудбалска кариера Мантов одиграл 59 првенствени и уште толку куп натпревари, играјќи на позициите лев бек и лево крило. Постигнал повеќе голови, а за целиот период на активно играње фудбал добил само еден жолт картон.[2]
Во знак на сеќавање на овој играч, стадионот го добил неговото име и тоа бил единствениот стадион во Македонија кој воопшто носи име на еден фудбалер, сè до промената на името Градскиот стадион Велес во Стадион Зоран Паунов во јуни 2019 година.
Официјализирањето на името на стадионот било направено на седница на Советот на Општина Кочани.[3][4], одржана на 30 април 2014 година, на која советниците од сите политички партии гласаа едногласно за предлогот.
Меѓународни натпревари[уреди | уреди извор]
датум | натпреварување | противник | резултат | публика | |
---|---|---|---|---|---|
Македонија (1994 – ...) | |||||
7 септември 1994 | УЕФА квалификации U21 | ![]() |
5–3 [5] | 6,000 |
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Стадион“. fkosogovo.com преку web.archive.org. Посетено на 24 септември 2019.
- ↑ “80 години фудбал во Кочани“, м-р Методиј Хаџипаунов, 2005 г.
- ↑ „Советот руши рекорди, усвои 50-тина точки за неполни два часа“. kanal8.mk преку web.archive.org. 30 април 2014. Архивирано од изворникот на 2019-09-24. Посетено на 24 септември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Градскиот стадион се именува во „Никола Мантов“[мртва врска], портал Комарец
- ↑ Од Данска во Кочани во 1994 до Шкотска во Скопје во 2016! - www.gol.mk