ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Оризари
Крсте Петков Мисирков | |
|---|---|
Поглед на училиштето | |
| Место | |
| Општина: | Општина Кочани |
| Наречено по: | Крсте Петков Мисирков |
| Нас. место: | Оризари |
| Адреса: | ул. „Маршал Тито“, бр. 20, с. Оризари |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Основано: | 1912 |
| Директор: | Соња Иванова |
| Број на ученици: | 2022 (2022/23)[1] |
| Настава на: | македонски |
| Контактни информации | |
| Мреж. место | https://krstepetkovmisirkov.mk/ |
| Е-пошта | orizari_kpmisirkov@yahoo.com |
| Телефон | 033/294-597 |
| Факс | 033/294-597 |
Основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ (официјално: Основно општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ - Оризари; скратено: ООУ „Крсте Петков Мисирков“) — централно основно училиште во селото Оризари, Општина Кочани.[2]
Училиштето е именувано по македонскиот филолог Крсте Петков Мисирков.
Во состав на училиштето работи едно подрачно училиште во Прибачево, каде се одвива настава во една комбинирана паралелка.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Училиштето прв пат почнало со работа во далечната 1912 година, во склоп на егзархиската гимназија во Кочани и до 1944 година наставата наизменично се менувала на бугарски (1912-1913, 1915-1918, 1941-1944) и српски јазик (1913-1915, 1918-1941). Низ историјата училиштето неколку пати го менувало името и тоа „Даме Груев“, „Св. Климент Охридски“ и од 1945 година го носело името „Маршал Тито“ сѐ до 1993 година кога по иницијатива на Министерството за образование, училиштето го добило името „Крсте Петков Мисирков“.[3]
Во 2015 година била изградена училишната спортска сала. Салата била дел од проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали“ на Министерството за образование и наука, финансиран од Владата на Република Македонија.[4]
Досегашни директори
[уреди | уреди извор]- Соња Иванова (13 јуни 2018-)[5]
Особености
[уреди | уреди извор]Во училиштето во Оризари има 11 универзални училници, 1 кабинет по техничко образование, 1 кабинет по информатика, 1 кабинет по музичко образование, 2 специјализирани училници за прво одделение, библиотека како и простор за наставни средства и помагала.[3] Спортската сала е од површина од 1,250 м2.[6] Има кабинети, гардероби и 500 седишта во публиката.[7]
Настава
[уреди | уреди извор]Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.
Подрачни училишта
[уреди | уреди извор]Во составот на училиштето влегува следново подрачно училиште:
- ПУ „Крсте Петков Мисирков“ - Прибачево, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Игралиштето
- Влезот
- Дворот
- Биста на Крсте Петков Мисирков
- Источното крило
- Поглед на училиштето
- Источното крило и дворот
- Влезот на училиштето
- Спортската сала
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Годишен извештај за 2022/2023година“ (PDF). ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Оризари. 10 јули 2023. Посетено на 6 ноември 2024.
- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-09.
- 1 2 3 „Самоевалуација на училиштето 2020-2022“ (PDF). ОУ „Крсте Петков Мисирков“. август 2020. стр. 3. Архивирано (PDF) од изворникот 2023-03-25. Посетено на 29 септември 2023.
- ↑ „УЧИЛИШНА СПОРТСКА САЛА ВО ОУ „КРСТЕ МИСИРКОВ" – ОРИЗАРИ“. Општина Кочани. 26 март 2018. Архивирано од изворникот 2020-09-21. Посетено на 29 септември 2023.
- ↑ „Вработени“. ОУ „Крсте Петков Мисирков“. Архивирано од изворникот 2023-09-29. Посетено на 29 септември 2023.
- ↑ „Самоевалуација на училиштето 2020-2022“ (PDF). ОУ „Крсте Петков Мисирков“. август 2020. стр. 4. Архивирано (PDF) од изворникот 2023-03-25. Посетено на 29 септември 2023.
- ↑ „УЧИЛИШНА СПОРТСКА САЛА ВО ОУ „КРСТЕ МИСИРКОВ" – ОРИЗАРИ“. Општина Кочани. 26 март 2018. Архивирано од изворникот 2020-09-21. Посетено на 29 септември 2023.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Оризари на Ризницата ?- Матична страница

