Кирил Ѕ'мбов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кирил Ѕ`мбов

Кирил Фердов Ѕ`мбов (31 јануари 1931 - 8 септември 2009) — македонски нуклеарен физичар и академик.

Роден е во Кочани. Студирал физичка хемија на Природно-математичкиот факултет во Белград, каде што дипломирал во 1955 година. Од 1954 година е вработен во Институтот за нуклеарни науки „Борис Кидрич“ во Винча, Република Србија, каде што остана до крајот на својот работен век. Докторската дисертација од областа на површинската јонизација ја работел под раководство на академик Павле Савиќ и ја одбранил на Природно-математичкиот факултет во Белград во 1963 година.

За член на МАНУ, надвор од работниот состав, избран e на 7 октомври 1988 година[1]. Ѕ`мбов бил член на Српската академија на науките и уметностите.

Стручната активност на д-р Кирил Ѕ’мбов во областа на аналитиката на нуклеарните материјали е посебно врзана за развојот на масено-спектроскопските методи на изотопска анализа на ураниумот, борот и девтериумот. Поради непогодноста на користење на гасовитите соединенија на ураниумот и борот, тој развил посебен извор на површинска јонизација, која ќе овозможи изучување на механизмот на процесот и оптимизација на условите за зголемување на ефикасноста на методата. Заедно со унгарскиот научник И. Опауски вовел графитирање на јонизирачките површини за зголемување на ефикасноста на монизацијата на ураниумот.

Од научната активност на д-р Ѕ’мбов потекнале ред технички реализации, оригинални по концепцијата и изведувањето. Неговите научни резултати се објавуваат во угледни домашни и странски публикации, а некои од неговите решенија спаѓаат во редот на најсовршените од тој тип во светот. Тој активно учествува и во научните дејности на научните институции во Р. Македонија, соработувајки на повеќе научни проекти.

Кирил Ѕ`мбов е автор на стотина научни трудови од областа на нуклеарната физика, а како визит професор соработува со универзитетите во Хјустон-САД, Јилих-Германија и со Институтот за атомски истражувања (JAERI)во Токаи-Јапонија.

Починал ненадејно во Грција на 8 септември 2009 г[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. МАНУ
  2. Почина академик Кирил Ѕмбов Македонска информативна агенција