Никола Вражалски
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Никола Иванов Вражалски (Кочани, 12 мај 1914 - Скопје, 1997) — македонски правник, јавен обвинител на НРМ и пратеник.
Животопис[уреди | уреди извор]
Вражалски е роден во Кочани на 12 мај 1914 година. Правен факултет завршил во Белград во 1940 година. Бил член на АСНОМ и организатор на НОО во Кочани во 1944 година. Бил и народен пратеник во Уставотворното собрание на НРМ од Кочанска околија и член на Уставотворниот одбор за поготовка на Уставот на НРМ од 1946 година и јавен обвинител на НРМ од 1946 до 1948 година[1]. Потоа бил испратен на Голи Оток како информбировец. Починал во Скопје во 1997 година. Во негова чест една улица во Кочани го носи неговото име[2].
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Јавното обвинителство во Република Македонија, Скопје, 2000
- ↑ „Улици во Кочани добија имиња на локални заслужни граѓани“. Утрински Весник. 7 јули 2007. Посетено на 2010-05-19.