Коце Ефремов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Коце Ефремов
Роден на17 март 1956
Кочани, НР Македонија СР Македонија
Починал наоктомври 7, 2018(2018-10-07) (возр. 62)
Кочани, Македонија Македонија
Мрежно местоsports-reference.com/olympics/athletes/ef/koce-efremov-1.html

Коце Ефремов (Кочани, 17 март 1956 - Кочани, 7 октомври 2018) - македонски борач, еден од најдобрите македонски борачи во слободен стил.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ефремов е роден на 17 март 1956 година во Кочани. Како член на БК Спартак бил истакнат репрезентативец на СФР Југославија, освојувач на седмото место на Летните олимписки игри во 1980 година во Москва, потоа средоземен првак во 1979 година во Сплит, балкански шампион, повеќекратен победник на турнирот „Македонски бисер“ и десетина години непобедлив во својата категорија. Починал во Кочани на 7 октомври 2018 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]