Главен штаб за II Битолски револуционерен округ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дел од серијалот Борис Сарафов
Spomenik na Boris Sarafov.JPG

Главниот штаб за II Битолски револуционерен округ бил највисокото раководно тело во Битолскиот револуционерен округ во текот на Илинденското востание [1]. Во надлежност на Штабот биле сите востанички сили и дејствија во Битолскиот округ, но мерките и актите кој овој Штаб ги презел или донел влијале во целина во текот и искодот на Илинденското востание

Формирање[уреди | уреди извор]

Смилевскиот конгрес уште од првото свое заседание започнал со донесување на одлуки за кревање на востание. Бил избран Главен штаб за II Битолски револуционерен округ, а тој требало да раководи со подготовките за востанието и со самото востание. За членови на Главниот штаб биле избрани: Даме Груев, Борис Сарафов и Атанас Лозанчев, а како нивни заменици биле избрани Георги Поп Христов, Петар Ацев и Лазар Поп Трајков. Членовите на ГШ биле избрани со јавно гласање додека пак нивните заменици со тајно гласање [2].

Конгресот донел и непротоколарно решение, доколку пристигнат нови сили [2], како Ѓорче Петров, Пере Тошев и Христо Матов, тие по автоматизам да влезат во Штабот.

Активност на Главниот штаб[уреди | уреди извор]

Датум за востание[уреди | уреди извор]

Со формирањето на ГШ Македонската револуционерна организација влегла во својата востаничка атмосфера. Штабот таквата состојба ја официјализирал со своето прво Окружно до Центровите, селските началници и народот од 27 мај 1903 година.

По завршувањето на Смилевскиот конгрес Штабот презел разни дејнсоти за засилување на подготовките за востание. Даме Груев и Борис Сарафов со чета започнале обиколка низ Охридско, Преспанско, Ресенско, Кичевско, Демихисарско, Крушевско и Костурско. При оваа обиколка биле изработени детални планови за започнување на востанието во секој реон во зависност од месните услови.

Глaвниот штаб од страна на Смилевскиот конгрес бил овластен да го одреди датумот за започнување на востанието. По долги натегања на 14 јули Даме Груев, Борис Сарафов кај селото Буф востанието да се крене на 2 август на празникот св. Илија [3].

На 22 јули, Главниот штаб ги известил горските началства дека востанитето ќе започне на 20 јули - стар стил (2 август) [4]. Централниот комитет го прифатил датумот за кревање на востанието и на другите револуционерни окрузи им го препорачал, а било дадено и појаснување дека востанието ќе започне:

не вечерта спроти Илинден, туку вечерта на св. Илија [5]

Исто така бил испратен и Општиот план за востанието во кој било потенцирано дека: Целта на востанието не е да ја победиме Турција, туку таа да не може да не победи [5].

Предупредување до дирекцијата на Источните железници[уреди | уреди извор]

Пред да започне востанието ГШ испратил предупредување до дирекцијата на Источните железници, во кое било истаканто дека во текот на востанието ќе бидаат преземени напади по железничката линија. Затоа ГШ тргнувајќи од човечкиот долг ја предупредил дирекцијата да не се дозволи во екот на востанието населението во Македонија да патува со Источните железници за де избегнат невини жртви.

Дирекцијата пак од своја страна оваа предупредување го сватила сериозно и објавила дека таа не може да ја гарантира безбедноста на патниците на линијата Битола - Солун.

Смилево[уреди | уреди извор]

На празникот св. Илија во Смилево постоела голема раздвиженост. Самиот празник ги прикривал активностите за востанието. Жените и децата пред очите на војската разнесувале муниција и сопштенија до пунктовите за напад. Даме Груев заедно со ГШ се наоѓал над селото Бигла.

Приквечер во селото војничката османлиска труба го означила времето за вечерната молитва. Кога османлиските војници извикале Падишах чок јаша, од спротивните куќи изгрмел плотун, а од сите страни се слушнало Долу Султанот!, Долу Турција! и Ура! Веднаш потоа ГШ на чело со Даме Груев слегле во селото и се соединиле со четите што ја започнале борбата.

На 3 август Генерал штабот наредил евакуација на целото население кое не е способно да се бори во месноста Голем Гар, а до пладне Смилево било празно.

Во тој период под раководство на Стојан Донски биле преземени мерки за утврдување на Смилево, биле ископани одбранбени ровови со што се зацврстиле одбранбените востанички позиции. Населнието кое не било способно да се бори и понатаму се наоѓало во збегот Голем Гар каде биле орагнизирана заедничка исхрана, а биле преземени мерки за негова заштита [1].

Напад врз Главниот востанички штаб[уреди | уреди извор]

Османлиска армија

На 25 август османлиската армија започнала со напад на востаничката област Ѓавато-Смилево. Во нападот учествувале 10 баталјнои со јачина од 12 000 војници под команда на Бахтијар паша.

Истиот ден, биле разбиени востаниците во Ѓавато раководени од Ѓорѓи Сугарев. а востаниците морале да се повлечат кон Смилево. Од османлиската артилерија настрадале селата Цапари и Ѓавато. Селаните од Ѓавато се засолниле во збегот Голем Гар.

На 26 август турците почанле со оклолување на Смилево, а бројот на востаниците во селото се икачил на 600 души. Османликата сили со подршка на артилеријата, на 28 август започанале со напад на Смилево.

Одбраната била раководена од Даме Груев и Ѓорѓи Сугарев, а востаниците во првите часови давел силен отпор, меѓутоа набргу паднале востаничките позиции кај манастирот св. Петар, Гробот, Горановец и Арамиски камен. Откако паднала востаничата колона кај Арамсикот камен дел од турската војска се упатила кон збегот Голем Гар и бил извршен масакар врз неборбеното населние. Биле убиени 56 души, меѓу нив имало три неделни бебеиња и 80-годишни старци, имало многу обесчестени, ранети и ограбени.

Бугарскиот трговски агент Андреј Тошев, во својот извештај од 24 август 1904 година истакнал дека во Ново Смилево биле масакрирани 37 души, во Старо Смилево 8 души и во село Ѓавато 11 души. Вечерта Смилево било запалено, а во пресрет на празникот св. Богородица, по втор пат горело. Според турските извори во Старо Смилево изгореле 7 куќи, а во Ново Смилево 400 куќи. Даме Груев со смилевските чети да се засолни во Голем Гар. Во збегот Груев им кажал на селаните дека четите преку ноќ ќе го напуштат збегот за да им избегаат на турските потери, но со тоа самите селани ќе бидат изложени на нов масакр. Затоа Даме им кажал на селаните да се предадат на турската власт. Востаниците успеале да се пробијаат, а селаните следниот ден се вратиле во селото и се предале на војската.

Демихисарско[уреди | уреди извор]

По падот на Смилево, Даме Груев со четите се повлекол во востаничката база Нина-Орница кај селото Боиште Демирхисарско. Во оваа област се нашла и турската армија, а Даме Груев со четите повторно се вратил во околината на Смилево. Армијата откако го проверила Демирхисарско заминала за Битола и Кичево, Груев повторно со четите се врати во Демирхисарско, таму дошло до поголема концентрација на востаници, тука се начле и востаниците од Крушевско и Битолско, околу 1000 души.

Османлиската армија против оваа групација на востаници повторно тргнала во офанзива. Биле ангажирани 10 000 војници и башибузлук, 14 топа и 4 коњанички ескадрони. Армијата се движела во 4 правци, од Смилево кон Слепче, Церово-Вирово, Ресен преку Црн Врв, Охридско-Плеќе.

Главниот востанички штаб бил навремено известен и биле преземни контрамерки. Востаниците се поделиле на три одреди и се рапоредиле меѓу селата Боиште и Слоештица во должина од 15 километри. Во средината на фронтот се наоѓал Главниот Штаб со 300 востаници [1], на левото крило биле распоредено 250 востаници на чело со Ѓорѓи Сугарев, а на десното крило кај Вирово и Церово биле распоредени околу 430 востаници.

Битката кaј Слоештица[уреди | уреди извор]

Утрото на 30 септември 1903 година започнала битката. По двачасовни борби, левото крило на востаниците било загрозено од правецот Лесково, затоа тоа се повлекло кон центарот за да го заштитат Главниот штаб. Меѓувреме десното крило кое било напаѓано од три страни давало силен отпор, но по силниот артилериски оган и тие биле принудени на повлекување, меѓутоа успеале да заземаат добри позиции во Церовата гора, а тука подоцна пристигнале и востаниците од Вирово и Боишките планини. Пред стемнување востаниците успеале со јуриш да го пробијат обрачот на армијата и се упатиле кон Смилево и боишките шуми, а други кон Церовските Палнини и кон Вирово. Во текот на битката загинале 17 востаници, а 11 биле ранети. Христо Силјанов истакнува дека:

оваа битка може да се нарече лебодова песна на Востанието во Битолско [1]

Очај[уреди | уреди извор]

Писмо од главниот штаб на II револуционерен округ до владите на големите сили со кое се известува за теророт на турските власти и се бара заштита на македонското население (јули 1903)

Герилската тактика во почетокот на востанието дала резултати, востаниците во првите денови имале иницијатива. Но откако започнала офанзивата на османлиската армија, востаниците биле принудени да се повлекуваат и да избегнуваат дирекни судири со турската армија.

Со Општиот план било предвидено населниетода не учствува во борбите, но постепено востанието во Македонија и Одринско добивало масовен карактер. Откако армијата почнала со систематско палење на селата, при востаниците се создале големи збегови, со што дополнително се влошиле позициите на востаниците кои сега требало да го бранат населението.

Македонската револуционерна организација, нејзините раководители, Смилевскиот конгрес и Главниот востанички штаб сметале дека турската армија нема да посегне толку жестоко по цивилното население. Самиот Даме Груев истакнал:

Не верувавме дека Турците ќе се решат да прибегнат до таква жестокост - сосема да го разорат населението [6]

Меѓутоа централната власт по совет на германската дипломатија и дозволила на својата армија систематски да го гони и уништвува неборечкото население, при што биле изгонети, убиени голем број на жени, деца и страци, голем дел од турските села биле пеплосани.

Главниот штаб на 30 јули 1903 година испратил Мемоар до големите сили во кој било истакнато дека:

Турската влада, чуствувајќи се бесилна да ги уништи дирекно нашите воружени сили, им препорача на своите војски еден од најварварските начини за задушување на движењето што се состои во ограбување и горење на христијанските села и во обесчестување и убивање на жени и деца [7]

Мемоарот останал без ефект, а турската армија продолжила со дејствата против неборечкото населние. Сето тоа допринело Главниот штаб, по палењето на Крушево и Смилево, по масакрот во збегот Голем Гар, да размислува за идната тактика на востанието.

На 22 септември во Слоештица, Даме Груев, Борис Сарафов и Атанас Лозанчев имале средба. На оваа средба Сарафов предложил да се побара воена интервенција од Бугарија. Меѓутоа никој од нив не сакал да замине во Бугарија за да бара помош. Затоа истиот ден Главниот штаб се обратил писмено до бугарската влада, во писмото било истакнато дека Главниот штаб поради:

Писмо на Главниот штаб до бугарската влада
критичната и ужасна положба (се обратил до бугаркста влада б.н), бугарското населнени во Битослкиот вилает по извршените опустошувања и жестокости од страна на турските војски и башибузлук, и со оглед на тоа дека тие опустошувања и жестокости на сиситематски начин продолжуват и не може да се види до каде ќе отидат[1]

Во панатамошниот текст до бугарската влада била објаснета состојбата во Битолскиот вилает и Главниот штаб изразил чудење зошто бугарската влада:

продолжува да гледа со ладнокрвност на систематското истребување на бугарскиот народ

и било побарано од бугарската влада да притекне на помош со војна. Меѓутоа и самиот иницијатор на писмо Борис Сарафов, не верувал дека тоа ќе даде резултати [4]. Треба да се истакне дека ова писмо на Главниот штаб до бугарската влада од страна на бугарската историографија се користи за докажуавње на бугарскиот карактер на Илинденското востание и македонското население.

Во момент на силно атакување на турската армија против мирното население и востаниците, на Главниот штаб му бил потребен сојузник во борбата против Отоманската Империја, тие се надевале во помошта на Бугарија и отворањето на нов фронт на исток со кои би се олесниле позиците на востаниците во Македонија и во Одринско.

Даме Груев, во иститот тој период, во писмото до Хусеин Хилми паша истакнал:

Паша ефенди, Се обраќам кон Вас, не дека толку ми е пријатно и дека нешто сакам од Вас - да не даде Алах да сакам нешто од турски паша! - не, јас едноставно Ви препорачувам да обрнете внимание на моите зборови. Можам да ве уверам дека нема да ги повторувам. Досега сте можеле да се убедите дека Македонците си стојат на зборот, и Вам, имено Вам, би Ви следело да ги научите од нас правилата на воена чест. Но, да не говориме за тоа што нема да биде. Да, Ви беше познато дека општото востание се крена по Ваша вина. Вие, и само Вие сте виновни, за сите ужаси и насилстав извршени по Ваша заповед. Ние долго и многу трпевме и нашето трпение се исцрпува. Ве предупредуваме дека ако во септември не наредите да се прекинат насилствата, грабежите и колежот на мирното немухамеданско население, тогаш ние со волјата на Семожниот создател, откако ќе и се покориме на злата неопходност. ќе извршиме такви ужаси над мухамеданското население, такашто ќе ви се крене косата на Вашата глава. Вие можете да ги убедите преставниците на европските држави дека речиси сте го задушиле Востанието, може да говорите се: може да говорите што сакате, но, Вие никогаш нема да не убедите дека откако ќе се покориме и ќе го положиме нашето оружје дека ние ќе имаме гарнации за нашиот живот и имот. Јас веќе дадов заповед по цела Македонија на никој начин да не Ве слушаат и да не Ви веруваат, а кој ќе Ве послуша Вас, ќе плати со својот живот. Впрочем, Вие сте должни со нас да водите правилна војна, бидејќи во спротивен случај ние ќе ги опожариме сите турски села и ќе ги истребиме нивните жители. Ние не очекуваме помош од Европа. Ние се надеваме со нашите сопствени сили да ги уништиме вашите храбри војници и можеби не е далеку часот кога над облеаната во крв Македонија ќе засвети сонцето на слободата. До вашето назначување, ние ќе се задоволевме со обични реформи, но сега нема да не купите така евтино. Имајте предвид дека нашите чети се снабдени со доволно количество на потребности и ние ќе умееме да се бориме со Вас десетици години. Ако Бурите го зачудија светот со својата борба против Англија, тогаш ние уште повеќе ќе го зачудиме. Јас Ви кажав. Вашата работа е да ми поверувате на зборовите[8]

Демобилизација[уреди | уреди извор]

Палежите на селата, апелот на османкста власт за враќање на неселнеито по селат , советите на козулите, гарнаците за амнестија и гласините за реформи допринеле Главниот штаб да почен да размислува за распуштање на востаничките сили.

На 2 октомври 1903 година, Главниот штаб над Смилевската корија донело одлука за организирана демобилизација на востаниците. Планот за демобилизација предвидувал, распуштање на востаниците и нивно враќање дома, собирање и складирање на оружјете, засолнување на компромитираните револуционерни раководители и дејции, раководниот кадар на теренот да биде сведен на минимум, а веднаш потоа Борис Сарафов заминал за Софија.

Даме Груев започнал со спроведување на планот за демобилизација и успеал да собере околу 350 пушки. Груев на компромитираните востаници им советувал да не се предваат на турската армија туку на дипломатсикте престваници.

По објавувањето на демобилизацијата во Битолско останале Даме Груев, Атанас Лозанчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Ѓорѓи Сугарев и други.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том I Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1933. (бугарски)
  2. 2,0 2,1 Васил Чакаларов Дневник 1901-1903 г
  3. Манол Пандевски, Македонското ослободиѕелно дело..., том втори, 267
  4. 4,0 4,1 Спомени на Борис Сарафов
  5. 5,0 5,1 Љубен Лапе, Нови документи за Илинденското востание, Илиндеснки зборник 1903-1953, Скопје, 1953
  6. Спомени на Дамяан Груевъ..., 24
  7. Извештаи од 1903-1904 година на австриските претсвници од Македонија..., 71
  8. Даме Груев - Спомени, Коресподенција..., 223

Шаблон:МРО