Милиција на Крушевската Република

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Милиција на Крушевската Република — орган задолѓен за безбедноста и редот во прогласената востаничка република. Таа се состоела од четири милиционерски станици и потстаници, а била во надлежност на Привремената влада, односно под јуриздикција на Христо Ќуркчиев кои бил избран за градоначалник и одговорен за полиција [1].

Формирање[уреди | уреди извор]

Доброволци[уреди | уреди извор]

Христо Ќуркчиев, градоначалник и одговорен за милицијата

Милицијата била формирана веднаш по донесувањето на одлуката од страна на владата. Набргу пред грчкото учлиште кое било седиште на владата, пред Христо Ќуркчиев[2] се собрале голем број на доброволци. Отука се јавил проблем бидејќи не можеле да ги примат сите. Најголемиот дел од доброволците биле од влашките мала на Крушево. Затоа било донесено компромисно решение, на помладите им било препорачано да стапат во IX Четнички одред под команда на потпоручникот Тодор Христов, а од другиот дел била формирана градската милиција.

Началници[уреди | уреди извор]

За началници на милицијата биле поставени:

Коле Чкарна
Гушу Јота
Љаску Пренда
Гушу Абаџија
Тега Бурек
Ванчу Моцан
Гаги Качујан
Кола Бојаџија
Тома Чолаку
Лаќу Кушора
Коста Фетаџока

Воружување и организација[уреди | уреди извор]

Поради недостаток од пушки, целата милиција не била воружена со ова оружје, затоа дел од милиционерите биле снабдени со револвери и стапови. Милицијата била поделена на 18 групи од по осум до десет души на чело со посочените началници.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Историја на Крушево и Крушевско, Од постанокот на градот до поделбата на Македонија, книга прва, Крушево, 1978
  2. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том 1, София, 1933, стр. 293.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Историја на Македонскиот народ, Просветно дело, Скопје, 1972