Прејди на содржината

Тодор Христов - Офицерчето

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тодор Христов
Роден 1878
Софија, Бугарија
Починал 21 септември 1903
Виљач, Македонија

Тодор Христов познат како Офицерчето — македонски револуционер, бугарски офицер, член и раководител на Македонската револуционерна организација,[1] учесник во Илинденското востание и еден од членовите на Горскиот штаб на Крушевската востаничка околија.[2]

Животопис

[уреди | уреди извор]
Војводи на состанок во Осогово во март 1903. Седнат одлево надесно: Панајот Бајчев, Питу Гули, Коста Мазнеjков, Христо Чернопеев, Андреј Христов, Тодор Христов. Директно од лево кон десно: Никола Жеков, Константин Кондов, Сотир Атанасов, Тимо Ангелов, Никола Дечев и курирот Никола Сарафов.

Христов е роден 1878 година во Софиjа.[3] Некои извори го посочуваат градот Велес како негово родно место, но всушност неговите родители, кои се преселиле во Софија, биле од таму.[4] Завршил прв прогимназиски клас. Студирал во Военото училиште во Софија, каде што завршува во 1902 година и започнува служба во Петтиот полк.

На почетокот на пролетта 1903 година ја напушта службата и заминува за Македонија, каде влегува во четата на Питу Гули, која дејствува во Крушевско.

На Смилевскиот конгрес бил избран за член Горското началство за Крушевскиот реон. За време на Илинденското востание е еден од раководителите на одбраната на Крушевската република.

На крајот од востанието на 21 септември, заедно со 18 четници води борба на планината Виљач, Скопско-Прешевско. Во борбата Тодор Христов и 11 четници загинале.[5][6][7]

  1. Кратка биография на Тодор Христов
  2. Историја на Крушево и Крушевско, Од постанокот на градот до поделбата на Македонија, книга прва, Крушево, 1978
  3. Елдъров, Светозар. Снежана Радоева. Подпоручик Тодор Христов-Офицерчето (1883 - 1903). С., Издателство „Парадигма“, 2019, 191 стр. ISBN 978-954-326-389-9.
  4. Сп. „Македонски преглед“ XLІI (3). София, МНИ, 2019. с. 150-154.
  5. Македонски научен институт
  6. Гоцев, Славчо. „Илинденското въстание в Скопския революционен окръг“
  7. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001., стр.181

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Историја на македонскиот народ, Просветно дело, Скопје, 1972.