Востанички дисциплински устав

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Востаничкиот дисциплински устав бил највисок акт кој ги регилирал правата, должностите и одговорностите на сите учесници во востанието на територијата на Битолскиот револуционерен округ, од највисокото раководсто до обичните востаници.

Донесување[уреди | уреди извор]

На последното IV заседание Смилевскиот конгрес го усвоил Востаничкиот дисциплински устав кој бил изработен од Борис Сарафов и Димитар Дечев.

Дисциплинскиот устав го определувал Главниот (Генерален) штаб како врховно раководно тело на Востанието, односно, како врховен заповедник на сите вооружени сили, но и највисок орган на власта на востаничката територија. Тој е орган што раководи со востанието и сите вооружени единици стојат под негово заповедништво. Меѓународната активност на востаниците, исто така, се одвивала преку Главниот штаб - тој бил единствено овластен да води преговори со надворешни сили, како и со непријателот.

Генералниот штаб за својата работа одговарал пред Конгресот, што произлегува од принципот на одговорност на сите органи на ТМОРО и ја наоѓа својата основа во Уставот на ТМОРО, според кој сите органи подлежат на контрола од страна на највисоките претставнички тела на Организацијата, т. е. од страна на конгресите, кои можат да бидат општи, околиски или окружни.

Уставот го регулира судството, односно, постапката при изречување казни. Во одделни одредби го наоѓаме принципот на материјалната вистина и на двостепеност при донесувањето на пресудата, при што обвинетиот треба да биде ислушан, да се изведат доказите и дури по сестраното утврдување на сите околности на случајот и на делото може да се изрече казната [1].

Востаничкиот дисциплински устав не ги санкционира сите одредби за идното устројство на македонската држава. Тој тоа не го ни истакнува, оти тој е дело на делегатите од окружен конгрес на ТМОРО, а не на општиот конгрес, кој единствено е овластен да ги разгледува и да решава по прашањата што се од значење за целата територија на Организацијата на која се протега нејзиниот суверенитет. Оттука, Востаничкиот устав ги дава само основите на новата организација на револуционерната власт на еден дел од територијата, т.е. територијата на Битолскиот револуционерен округ.

Во однос на стратегијата и начинот на водење на Востанието, било решено тоа да биде општо, односно да се кренат сите окрузи, а да се води на партизански начин, со оглед на тоа дека само еден дел од населението е вооружен. Освен тоа, било решено на денот на Востанието да се кренат сите вооружени сили по реоните како чети. Со формирањето на Главниот штаб се навлегло во илнденска востаничка состојба.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Љ. Лапе, Одбрани текстови... втор дел, 453-457

Шаблон:МРО