Прејди на содржината

Сарафови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дел од темата „Борис Сарафов

Сарафови — истакнато македонско семејство кое дало придонес во македонското национално движење. Оваа фамилија потекнува од Гајтаниново и Либјахово. Петар Сарафов бил преродбенски учител, неговиот чичко Коста Сарафов и дедо му архимандритот Харитон Карпузов биле водачи на борбата против Цариградската патријаршија во Неврокопско и Серско. Петар Сарафов е еден од иницијаторите на народниот собор, одржан во 1869 година во село Гајтаниново, на кој била отфрлена власта на Цариградската патријаршија. Во 1873 година неговиот татко бил меѓу основачите на учителското друштво „Просветителство“. Петар Сарафов меѓу 1882-1884 година ја извршувал фукцијата егзархиски инспектор на сите училишта во источна Македонија [1]. Неговиот татко заедно со архимандритот Харитон Карпузов - тогаш претседател на егзархиската општина во Сер во 1885 година биле уапсени од османлиските власти, под обвинение за револуционерна дејност. Петар Сарафов и Карпузов биле осудени на 16 години заточение во Мала Азија. Најпрво биле испратени во Смирна, а потоа биле преместени во градот Караман. Во 1887 година, преку Цариград избегале за Одеса, а потоа се преселиле во Софија. Во престолнината на бугарската држава, Петар се вработил во министерството за надворешни работи како преведувач. Петар се оженил со Смирна, ќерка на Харитон Карпузов.

Карпузов бил бил харизматичен и енергичен водач во црковните борби во Источна Македонија. Учествувал во народниот собор од 1869 година во село Гајтаниново, на којшто се отфрла јурисдикцијата на Цариградската патријаршија. Во периодот 1871-1873 бил претседател на Неврокопската егзархиска црковна општина. Во 1872 година е предложен за архијереј Неврокопската епархија, но кандидатурата не му е прифатена од сите месни дејци. Според македонските изтражувачи во периодот 1873-1874 поп Харитон е еден од главните агитатори на таканареченото унијатско движење за одвојување на македонските црковни општини од Бугарската егзархија, во засебна црква „да ја воскреснат Охридска архиепископија“ преку унијатството со Ватикан.[2] Но тоа движење, очекувано, не успеало.

Деца на Смирна и Петар Сарафови се: Ангел Сарафов бил лекар и офицер, Крсто Сарафов е познат глумец [3], Злата Сарафовова била претседателката на Македонскиот женски сојуз [4], најпознат член на оваа фамилија е Борис Сарафов.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. Царевна Миладинова, "От Бяло море до Витоша", во: Мир, 40, No 10055, 18 януари 1934 г.
  2. ПИСМО НА ПЕТКО СЛАВЕЈКОВ ДО ЕГЗАРХОТ АНТИМ I ( јануари 1874, Солун)
  3. „Панчавлиев, Атанас“. Архивирано од изворникот на 2014-03-15. Посетено на 2015-05-23.
  4. Гаджев, Иван. История на българската емиграция в Северна Америка: поглед отвърте, Томове 1–2, Институт по история на българската емиграция в Северна Америка, 2003 стр. 217.