Симеон Радев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Симеон Радев

Кнез Кирил Преславски и Симеон Радев

македонски новинар и бугарски публицист
Роден 19 јануари, 1879
Ресен, Македонија
Починал 15 февруари, 1967
Софија, Бугарија

Симеон Радев (Ресен, 19 јануари 1879 - Софија, 15 февруари 1967) бил истакнат македонски новинар до 1903 година, а потоа виден бугарски публицист, историчар и дипломат. Бил близок до Централниот комитет на Македонската револуционерна организација и Македонскиот комитет на Борис Сарафов, во Женева го издава (на француски јазик) весникот “L’ Effort” (1900-1901), а по дипломирањето во Париз го редактира весникот „Mouvement Macedonien” (Македонско движење) (1902-1903).

Биографија[уреди | уреди извор]

Од лево на десно, прв Ѓорче Петров, четврт Тодор Александров, шести Андреј Љапчев, седми Симеон Радев, осми Војвода Стаматов

Автор е на една од првите истории на Третата бугарска држава - „Градители на современа Бугарија“. Бил бугарски дипломатски претставник во Букурешт, Берн, Хаг, Анкара, Вашингтон, Лондон и Брисел, исто така и прв бугарски претставник во Друштвото на народите во Женева. Истакнат член на Македонскиот научен институт.

После Младотурската револуција од 1908 година го поддржува Соjузот на бугарските конституциони клубови.

Симеон Радев е член и на бугарската делегација при потпишувањето на Букурешкиот договор во 1913 година и при потпишувањето на Солунското примирје во 1918 година.

Умира во Софија во 1967.

Во своите дела Радев се нарекува Бугарин од Македонија, а словенското население во Македонија - бугарско.[1][белешка 1][белешка 2]

Скулптура во Скопје[уреди | уреди извор]

Во април 2012 година, Владината служба за заеднички и општи работи соопштила дека ќе ја тргне поставената статуа на Симеон Радев на новата зграда на Министерството за надворешни работи бидејќи била поставена по грешка. Првично било изjaвено дека наместо Радев требало да биде поставена скулптура на Теодор Рузвелт. Неофицијално, подоцна било соопштено дека Радев ќе бил префрлен во Музејот на македонската борба, без разлика на исходот на неговиот политички живот бидејќи во музејот се поставуваат скулптури од секоја политичко-идеолошка ориентација која имала влијание во Македонија.[2] На неговото место на зградата на МНР била поставена скулптура на Жан Моне. Покрај него на зградата се поставени скулптурите на Џорџ Вашингтон, Абрахам Линколн, Петар Велики, Сунг Цу, Џузепе Мацини, Тукидид и Винстон Черчил.[3]

Мисли на Симеон Радев[уреди | уреди извор]

  • ... решив дека најдобро средство ќе биде да ги опишам моите спомени од младоста, кога се школував во Македонија и во Цариград, живеев со гордоста да кажувам дека сум Бугарин и со радоста дека се школувам.[4]

Објавени книги[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Радев - „Рани спомени“, Софија, 1967
  2. Алфа ТВ - Македонија, Радев тргнат од зградата на МНР, 11 април 2012.
  3. Радев, по грешка, качен на МНР
  4. Радев - „Рани спомени“, Софија, 1967

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Македонската национална свест во 19 и почетокот на 20 век бил слабо развиена. Тоа го потврдуваат повеќе странци: Сеќавањата за минатото потполно исчезнале и кај селаните останале само нејасни преданија за дамнешната слобода која тие ја уживале. Во едно зафрлено село во близината на Охрид, во кое нема ни учител ни свештеник, а неговите жители незнаат ниту да пишуваат ниту да читаат, говорев со неколку дечиња за да дознаам колку тие знаат за минатото. Ги однесов кај едно осамаено и необично закосено ридче на чиј врв се наоѓа руините на бугарскиот цар, тие се наоѓаат над езерото и долината. Кој го изградил ова? Ги запрашаав. Одоворот беше впечатлив: Слободните луѓе. А кој биле тие? Нашите дедовци. Да ама дали тие биле Срби, Бугари, Грци или Турци? Не, не биле Турци, тие биле христијани. И тоа беше изгледа се што тие го знаеа, види: Доживувањата на Х. К. Бреилсфорд, Во Македонија не се поистоветуваат со својата нација (1905). Од друга страна пак повеќето странски пропаганди на територијата на Македонија го попречувале национално-конститутивниот процес на Македонците, види: Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници, д-р Ванчо Ѓорѓиев, Табернакул, Скопје 2006, Слобода или Смрт, д-р Ванчо Ѓорѓиев, Скопје 1997, Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980
  2. Во Османлиската империја не постоел редовен ситем за попис на населението со утврдени методи и принципи како во западноевропските држави. Осмaнските власти го евидентирале само машкото население и тоа не по национална основа туку по вероисповед. Мажите муслимани биле запишувани поради воената обврска, а христијаните поради даноците. Меѓутоа постоеле еден вид на матични книги т.н нуфуз дефтери во кој биле запишувани датумот на раѓање, името, името на родителите и презимето, меѓутоа од нуфузите не може да се утврди националниот состав на населението во Македонија. Под графата Муслимани биле запишувани: Турците, Циганите, исламизираните Македонци, Арнаутите, Черкезите, Арапите и други, односно припадниците на муслиманската вероисповед. Во графата Рум Милет (Грци) биле запишувани сите православни христијани во Отоманската империја кој биле под духовна јуриздкција на Цариградската патријаршија, тука спаѓаат македонците-патријаршисти кој биле нарекувани и како Грци. Христијанското населние кое било под духовна власт на Бугарската егзархија било запишувано како Бугар милет, тука спаѓаат македонците-егзархисти кој биле нерекувани како Бугари. Од национален аспект само за Евреите постоела посебна графa како Јауди, но и тука имало исклучок. Евреите муслимани биле впишувани како Турци, види: Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003

Надворешни врски[уреди | уреди извор]