Музеј на македонската борба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Национална установа
„Музеј на македонската борба за државност и самостојност“
„Музеј на ВМРО“
„Музеј на жртвите од комунистичкиот режим “
Музеј на македонската борба Скопје
www.mmb.org.mk
Museum of the Macedonian Struggle.jpg
Поглед кон зградата на музејот
Други називи Музеј на македонската државност
Општи податоци
Статус државен
Тип музеј
Стил барок
Местоположба Плоштад Македонија
Адреса Иљо Војвода ББ
Град Скопје
Земја Македонија
Темелот удрен 2008
Почната 2008
Завршена 2011
Отворена 8 септември 2011
Трошок за изградба 12.000.000 евра
Сопственик Министерство за култура
Проектирање и изградба
Архитект Зоран Јордановски
Архит. биро Бетон
Холот на музејот. Во средината стои изворен примерок на Уставот на РМ

Музејот на македонската борба се наоѓа во Скопје, Македонија, на левиот брег од реката Вардар. За главен архитект при изградбата на објектот бил избран Зоран Јордановски, а музејот бил изграден од компанијата Бетон од Штип[1].

Музејот бил изграден во периодот од 2008 до 2011 година, и официјално отворен на 8 септември 2011 година, по повод дваесет години од прогласувањето на независноста на Република Македонија. Изградбата на објектот е дел од т.н. проект Скопје 2014.

Трошоци за изградба[уреди | уреди извор]

За изградба на објектот биле потрошени 4 милиони евра. За внатрешноста на музејот, односно за масовните сцени од домашни, руски, украински и бугарски автори биле потрошени околу 1 милион евра, за рамки за слики повеќе од 100.000 евра. За восочните фигури биле исплатени околу 1.5 милиони евра. Проектот за мебел изнесувал околу 200.000 евра, а самиот мебел повеќе од 818.000 евра. За осветлувањето на објектот биле дадени 220.000 евра, а за витраж 420.000 евра.

Така, според неофицијални информации, целиот проект чини околу 12 милиони евра.

Опис[уреди | уреди извор]

Музејот бил официјално отворен од страна на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, кој во музејот го предал оригиналот од Декларацијата за независноста на Македонија, која е изложена во холот при самиот влез.

Самиот музеј се состои од тринаесет одделенија, и секое од нив ја претставува историјата на македонскиот народ од повеќе периоди. Во првата просторија е претставен раниот период на македонската борба, кога ајдутите сè уште немале дефинирано политичка платформа[2]. Сите останати простории понатаму се поврзани хронолошки сè до периодот на комунизмот.

Во музејот се наоѓаат 109 восочни фигури од личности од македонската историја. Освен восочните фигури во музејот се наоѓа и поголем број примероци на оригинално оружје, оригинален мебел, масовни сцени, документи и други експонати.

Музејот работи од вторник до недела со работно време од 10 до 18 часот, а во понеделник не работи. Секоја организирана посета во музејот треба да биде најавена.

Критики[уреди | уреди извор]

Музејскиот комплекс, дел од проектот „Скопје 2014“ предизивкал остри реакции во јавноста, посебно од страна на опозицијата, упатени до владејачката партија[3]. Според опозицијата, изградбата претставува травестија и фингирање на историјата. Во музејот се наоѓаат и восочните фигури на Ванчо Михајлов и Мара Бунева, како контроверзни личности во македонската историја.

Восочни фигури[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]