17 јануари (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
1377  Грегориј XI од Авињон го врати средиштето на римокатоличките поглавари во Рим.
1562  На сила стапува едиктот од Сен Жермен со која се признати хугенотите (протестанти) во Франција
1601  Шпанската престолнина од Мадрид е пренесена во Ваљадолид.
1773  Англискиот морепловец Џејмс Кук со бродот „Резолушн“ прв го премина јужниот поларен круг.
1912  Ескпедицијата на англискиот истражувач, поморскиот капетан Роберт Скот стигна на јужниот пол, еден месец по експедицијата на Норвежанецот Роалд Амундсен.
1919  Полскиот композитор Игнац Јан Падеревски, пијанист од светски глас, стана првиот претседател на владата на Полска, воспоставена по завршувањето на Првата светска војна.
1939  Со учество на многу жандарми и војници во Велес беа задушени тридневните демонстрации на монополските работници и на другите граѓани. Демонстрациите имаа големо економско и политичко значење во тоа време.
1945  Втора светска војна: Советските сили ја ослободуваат Варшава, главниот град на Полска
1948  Основано препријатието за јавен превоз ЈСП Скопје.
1953  Во Скопје излезе првиот број на „Стопански весник“, весник на Стопанската комора и стопанството на Македонија.
1961  По налог на Моис Чомбе, белите платеници го убија законскиот конгоански премиер Патрис Лумумба, творец на конгоанската независност и херој на „црна Африка“.
1991  Заливска војна: Рано изутрината започнува Операцијата „Пустинска бура“. Ирак лансира 8 ракети Скад погодувајќи цели во Израел
1995  Катастрофален земјотрес го потресува градот Кобе, Јапонија, предизвикувајќи огромна материјална штета и убивајќи 6.433 лица.
1996  Во Скопје и во Атина се отворени канцелариите за врски на Република Македонија и на Република Грција.
1998  Претседателот на САД Бил Клинтон, како прв шеф на државата во американската историја, беше принуден да сведочи во своја одбрана по повод обвинувањето од страна на Пол Џонс за сексуално вознемирување.
2001  Во Скопје, во организација на телевизиската куќа БТР, излезе првиот број на весникот „Рома тајмс“, на македонски и на англиски јазик