Панделис Папајоану
| Панделис Папајоану | ||
| Роден | Колешино, Османлиско Царство | |
|---|---|---|
| Починал | 1907
Мокриево, Солунски Вилает, Османлиско Царство | |
Пантелес Папајоану, познат како капетан Никоцарас Грајкос, (грчки: Παντελής Παπαϊωάννου, Καπετάν Νικοτσάρας Γραίκος) ― македонски (гркомански) андартски капетан, деец на грчката вооружена пропаганда и учесник во Борбата за Македонија.
Животопис
[уреди | уреди извор]Папајоану е роден во струмичкото село Колешино. Во почетокот дејствувал со Борис Сарафов, а според грчки извори, тој бил секретар на неговата чета. Со засилувањето на грчката вооружена пропаганда во Македонија, тој преминал на страната на грчката кауза и предводел андартска чета, дејствува заедно со Гоно Јотов во реонот на Ениџевардарското Езеро [1][2].
Во пролета 1907 година, кон четата на Папајоану, се присоединила и четата на Иван Радналијата, за да бидат засилени грчките дејствија во Струмичко.
Оваа здружена чета ги обиколувала струмичките села Колешино, Зубово и Мокриево, со цел привлекување на нови андарти. На 26 август, биле предадени од страна на населението и дошле во судир со османлиските сили. Во судирот загинале капетанот Папајоану, Танас од Владиевци и Стоил од Вардаровци, останатите андарти на чело со Иван Радналијата успеваат да се спасат.[3]. Од страна на грчките власти во Кукуш е подигната негова бист.[4]
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Μαζαράκης, Κ. «Ο Μακεδονικός Αγώνας», έκδ. «Δωδώνη», Αθήνα, 1981, σελ. 92
- ↑ „ΓΙΑΝΝΗΣ ΛΑΖΑΡΗΣ, ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΟΣ ΑΓΩΝΑΣ:ΑΠΟ ΤΟ ΜΥΘΟ... ΣΤΗΝ ΙΣΤΟΡΙΑ, стр.27“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-05-19. Посетено на 2011-01-26.
- ↑ Κωνσταντίνος Αποστόλου Βακαλόπουλος, Ο ένοπλος αγώνας στη Μακεδονία 1904-1908, εκδόσεις Ηρόδοτος, Θεσσαλονίκη, 1999, σσ. 286 - 287
- ↑ Χατζημητάκος, Θανάσης : Β’ Μνημεία μέσα στην πόλη