Митрашинци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Митрашинци
Панорама на Митрашинци 2.jpg

Поглед на селото Митрашинци

Митрашинци се наоѓа во Republic of Macedonia
Митрашинци
Местоположба на Митрашинци во Македонија
Координати 41°46′32″ СГШ 22°44′21″ ИГД / 
Регион Logo of Eastern Region, Macedonia.svg Источен регион
Општина Coat of arms of Berovo Municipality.svg Општина Берово
Област Малешевија
Население 729[1] жит.
Пошт. бр. 2330
Повик. бр. 033
Надм. вис. 786 м
Слава Света Троица
Commons-logo.svg Митрашинци на Ризницата


Митрашинци — село во Општина Берово, во областа Малешевија, во околината на градот Берово.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Митрашинци се наоѓа во Малешевијата, северозападно од Берово. Ова големо село се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Берово, чиј голем атар се допира со просторите на општините Виница и Делчево. Селото е ридско, на надморска височина од 800 до 840 метри. Во селото има поток, кој мештаните на локалниот говор го нарекуваат „андак“.[2] Од градот Берово, селото Митрашинци е оддалечено 17 километри. Митрашинци има мошне голем атар којшто зафаќа површина од 54,1 км2.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во отомански даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Малешева од 1621 - 1622 година е забележано село Митрасин со 64 џизие ханета (домаќинства).

Во 19 век, Митрашинци било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманската Империја.

На 17 септември 1944, во Митрашинци биле создадени Тринаесеттата и Четиринаесеттата македонска ударна бригада.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во атарот на селото преовладуваат шумите на површина од 2.933 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 1.608 хектари, а на пасиштата 844 хектари. Селото во основа има мешовита земјоделска функција.[3] Населението главно се занимава со житарство, а се одгледува и компир и модра слива. Некои семејства одлгедуваат по 2000 дрвја со модра слива. Во селото е развиено и сточарството, а се одлгедуваат крави и овци.[2]

Панорамски поглед на Митрашинци, погледнато од објект покрај подрачното основно училиште

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Митрашинци имало 1.150 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Митрашинци имало 1.216 жители.[5]

Поради иселување на населението, Митрашинци според бројноста на жителите преминало од голема во средна населба, а по големиот пад во последните два пописи е забележано стабилизирање на бројката на населението. Така, селото во 1961 година броело 1.149 жители, а во 1994 година се намалил на 794 жители, македонско население.[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 729 жители, од кои 728 Македонци и 1 Србин.[1] Во селото има околу 350 куќи.[2]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 1.150 1.216 1.118 1.245 1.149 1.054 965 861 794 729
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Познати родови со потекло од селото се: Стоилковци, Тркалевци, Боболинци, Мустачки, Поповци и Трновци. Се вели дека во селото има цели маала населени со припадници на родовите Тркалевци и Трновци.[2]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Подрачното основно училиште „Дедо Иљо Малешевски“ сместено покрај асфалтниот пат на влезот во селото
  • Основно училиште „Дедо Иљо Малешевски“ до IX одделение[9], подрачно училиште на ОУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Берово
  • Детска градинка 23 Август[10], клон на градската градинка од Берово
  • Амбуланта
  • Културен дом

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Берово, една од малкуте општините, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Берово.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Митрашинци.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Пехчевска градска општина, во која покрај селото Митрашинци се наоѓале градот Пехчево и селата Будинарци, Негрево, Робово, Умлена, Црник и Чифлик.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Новоизградената црква „Св. Илија“ надвор од селото
Археолошки локалитети[11]
Цркви[12]
Споменици

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Живееле во Митрашинци
  • Славчо Стоилковски (р. 1981) — македонски учител и виолончелист, кој живее во Латвија.
  • Гоце Стоилковски (р. 1980) — предава во средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ во Скопје
Починати во Митрашинци

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Традитионално, пред Илинден се одржува илинденски турнир во мал фудбал.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. конс. 8 јануари 2017 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Според кажување на Благоја Тркалевски, жител на селото. Забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски, Кирил Симеоновски и Ѕвонко Петровски на 12.11.2016.
  3. 3,0 3,1 3,2 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 198. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. конс. 8 јануари 2017 г. 
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  9. „ОУ „Дедо Иљо Малешевски““. македонски: Општина Берово. http://berovo.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=215:2010-03-18-08-47-52&catid=65:2009-09-30-13-35-17&Itemid=137. конс. 8 јануари 2017 г. 
  10. „Клон с. Митрашинци“ (на македонски). Градинка 23 Август Берово. Берово. http://www.gradinkaberovo.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=77&Itemid=238. конс. 8 јануари 2017 г. 
  11. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  12. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  13. Илиевска-Арсова, Весна (2011). „Пијанец-Малеш, изобилство од сонце и насмевки!“. Штип: Центар за развој на Источен плански регион. стр. 43. http://star.pehcevo.gov.mk/images/stories/sliki1/pijanec%20i%20males.pdf.pdf. конс. 10 јануари 2017 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]