Прејди на содржината

Црква „Св. Илија“ - Митрашинци (нова)

Координати: 41°47′05″N 22°44′57″E / 41.78472° СГШ; 22.74917° ИГД / 41.78472; 22.74917
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Илија

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Струмичка
Местоположба

Карта

Координати 41°47′05″N 22°44′57″E / 41.78472° СГШ; 22.74917° ИГД / 41.78472; 22.74917
Место Митрашинци
Општина Берово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Архитектонски опис

Свети Илија — новоизградена селска црква во малешевското село Митрашинци, Македонија.[1] Сместена е на мала височинка надвор од селото, близу текот на реката Брегалница. Во близина на црквата се наоѓа археолошкото наоѓалиште Св. Илија, на кој се пронајдени остатоци на архитектонска камена пластика и од покривни ќерамиди, дел од старохристијанската црква во минатото.[2]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Црквата претставува крсто-куполен храм. Куполата е изградена од тули, има осумаголна основа и на секоја од страните има монофора. Кон внатрешноста на црквата водат три влеза, од западната, јужната и северната страна. Пред секој влез има натстрешница покриена со кров од ќерамиди. На источната страна, односно во задниот дел од црквата, има апсида со шестаголна основа, во чија средина има ланцетен прозорец. Целата градба е обоена во бела боја и е покриена со ќерамиди.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]