Двориште (Беровско)
Двориште | |
![]() Поглед на сретселото на Двориште, каде се наоѓаат главните општествени установи | |
Координати 41°35′9″N 22°55′9″E / 41.58583° СГШ; 22.91917° ИГДКоординати: 41°35′9″N 22°55′9″E / 41.58583° СГШ; 22.91917° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Малешевија |
Население | 757[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2330 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 01004 |
Надм. вис. | 1.016 м |
![]() |
Двориште — село во Општина Берово, во областа Малешевија, во околината на градот Берово.
Потекло на името[уреди | уреди извор]
Името на селото потекнува од ископините на една стара населба позната како „Двор“.[2]
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Населбата се наоѓа на крајниот југоисточен дел на територијата на Општина Берово, во јужната падина на Малешевските Планини, чиј атар се допира, на една страна, со државната граница со Бугарија, а на друга страна, со територијата на општината Ново Село.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 940 метри. Од градот Берово е оддалечено 21 километар.[3]
Има мошне голем атар, којшто зафаќа простор од 85,8 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 4.526,7 хектари, потоа следат пасиштата на површина од 2.551 хектар, а на обработливото земјиште отпаѓаат 1.410,4 хектари.[3]
Двориште е единствено село од разбиен тип во Малешевијата. Селото е поделено на неколку маала. Оддалечено е четири километри од регионалниот пат Берово-Струмица.[4]
Селото е поделено на пет маала именувани според селата во Пиринска Македонија, од каде што потекнуваат поголемиот дел од жителите: Новоселско маало, Чурилско маало, Баскалско маало, Тренчовско маало и Добрилачко маало.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Во 1913 година со потпишувањето на Букурешкиот мировен договор, жителите на оваа областа останале поделени, со што едните останале да живеат тогашната српска власт, додека другите останале во рамките на Бугарија.[4]
Со пописот од 1914 година, Двориште не било регистрирано како населено место, зашто првата куќа била изградена во 1913 година. Дотогаш, во атарот на денешното село Двориште, кој бил поделен, постоеле само колиби по ридовите. По исцртувањето на граничната линија, Србите наредиле да се изгради село, со цел полесна контрола на селаните од планинските колиби.[2]
Во 1927 година биле изградени училиштето и црквата.[2]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото во основа има мешовита земјоделска функција.[3] Најмногу се одгледува компир од поледелските активности, додека сточарството е исто така многу развиено. Најмногу се одгледуваат овци, кози, свињи и нешто крупен добиток.[2]
Во селото работат и две мали пилани.[2]
Население[уреди | уреди извор]
Двориште е голема населба, но со намалување на бројот на населението. Во 1961 година селото броело 1.318 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 825 жители, македонско население.[3]
Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 757 жители, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[5] | 1905[6] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 1.162 | 1.339 | 1.318 | 1.182 | 955 | 845 | 825 | 757 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Основно училиште „Дедо Иљо Малешевски“ до IX одделение[8], подрачно училиште на ОУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Берово
- Амбуланта
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Берово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Берово.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Двориште, каде Двориште било единствено село во општината.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на Беровската градска општина, во која покрај селото Двориште се наоѓале градот Берово и селата Ратево и Смојмирово.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 0010 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 582 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[11]
- Бабини Колиби (Чаплаковски Колиби) — населба од доцноантичкото време и старохристијанска црква;
- Градиште I — градиште од доцноантичкото време;
- Градиште II — градиште од доцноантичкото време;
- Рабуш — населба од доцноантичкото време; и
- Црква — старохристијанска црква.
- Цркви[12]
- Црква „Пресвета Богородица“ — главна селска црква.
- Реки[13]
- Дворишка Река (Циронска Река) — река која тече низ селото
Редовни настани[уреди | уреди извор]
- Сурова — обичај изведуван ноќта на 13 спроти 14 јануари
- Мала Богородица („Рожден“) — главна селска слава
- Илинден (2 август) — црковно-народен собир
Личности[уреди | уреди извор]
- Родени во Двориште
- Ацо Русковски (1925-1947) — народен херој
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 март 2017.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Шатевски, Љупчо (25 јуни 2013). „Букурешт раздели браќа и сестри во Малеш“. Дневник. Скопје: МПМ Македонија. Посетено на 10 март 2017.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 91-92. Посетено на 7 март 2017.
- ↑ 4,0 4,1 „Еден век од создавањето на беровското село Двориште“. Ирис. Посетено на 9 март 2017.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „ОУ „Дедо Иљо Малешевски"“. македонски: Општина Берово. Посетено на 9 март 2017.
- ↑ „Описи на ИМ“. Државна изборна комисија. Посетено на 13 октомври 2021.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 26 и 77. ISBN 978-9989-2117-6-8.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Двориште (Беровско) на Ризницата ?
|