Русиново
Русиново | |
![]() Поглед на Русиново | |
Координати 41°40′59″N 22°48′29″E / 41.68306° N; 22.80806° EКоординати: 41°40′59″N 22°48′29″E / 41.68306° N; 22.80806° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Малешевија |
Население | 2.095[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2315 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 01012 |
Надм. вис. | 900 м |
![]() |
Русиново — село во Општина Берово, во областа Малешевија, во околината на градот Берово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Населбата се наоѓа во областа Малешевија, во средишниот дел на територијата на Општина Берово, под северната падина на Малешевските Планини.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 900 метри. Од градот Берово е оддалечено 6 километри.[2]
Русиново има еден од најголемите атари по површина во Македонија. Атарот зафаќа простор од 133,3 км2. На него шумите заземаат површина од 9.078 хектари, на обработливото земјиште отпаѓа 2.518 хектари, а на пасиштата 1.542 хектари.[2]
Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Русиново било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Русиново имало 1.510 жители.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Русиново имало 1.758 жители.[4]
Русиново е голема населба, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година броело 2.242 жители, а во 1994 година 2.100 жители.[2]
Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 2.095 жители, од кои 2.092 Македонци, 1 Србин и 2 останати.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[5] | 1905[6] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.510 | 1.758 | 2.044 | 2.251 | 2.242 | 2.288 | 2.173 | 2.173 | 2.100 | 2.095 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Основно училиште „Никола Петров - Русински“ до IX одделение[8]
- Детска градинка 23 Август[9], клон на градската градинка од Берово
- Амбуланта
- Културен дом
- Пошта (2315)
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Берово, една од малкуте општини, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Берово.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Русиново, каде Русиново било единствено село во општината.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од некогашната Општина Владимирово, во која покрај селото Русиново се наоѓале и селата Владимирово и Мачево.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постојат изборните места бр. 14 и 15 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница и основното училиште.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на оваије изборни место биле запишани вкупно 1.602 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[12]
- Ан — населба од доцноантичкото време;
- Градиште — градиште од доцноантичкото време;
- Долно Грамаѓе — населба од римското време и старохристијанска црква;
- Дунковец — могила од римското време;
- Петрово Брдо — населба од доцноантичкото време;
- Плашица — населба и викус од доцноантичкото време;
- Терзиевец — населба од доцноантичкото време;
- Црквиште I — старохристијанска црква;
- Црквиште II — старохристијанска црква;
- Чука — градиште од доцноантичкото време; и
- Џами Тепе — средновековна црква.
- Цркви[13]
- Црква „Св. Петка“ — главна селска црква од XIX век;
- Црква „Св. Марко“ — капелна црква; и
- Црква „Св. Архангел Михаил“ — капелна црква од XIV век.
- Бисти
- Биста на Никола Петров Русински
- Биста на Даме Груев
- Споменици
- Споменик од НОБ
Личности[уреди | уреди извор]
- Иван Белчев (1867–1921) — македонски револуционер;
- Никола Петров Русински (1885–1943) — македонски револуционер;
- Љупчо Мирчовски (1964–2001) — македонски бранител, капетан на воената полиција;
- Кристијан Воденски (р. 2006) — германски повеќекратен шампион во боречки спортови[14]
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 12 април 2017.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 263. Посетено на 12 април 2017.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „ОУ „Никола Петров - Русински"“. македонски: Општина Берово. Посетено на 12 април 2017.
- ↑ „Клон с. Митрашинци“. Градинка 23 Август Берово. Берово. Посетено на 8 јануари 2017.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Германската телевизија „РТЛ“ со прилог за „малиот Нинџа“ Воденски!
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|