Црква „Св. Петка“ - Русиново

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Света Петка
Викиекспедиција Малешевија (159).jpg

Поглед на црквата

Македонска православна црква
Епархија Струмичка
Местоположба
Координати 41°41′24.59″N 22°48′19.27″E / 41.6901639° СГШ; 22.8053528° ИГД / 41.6901639; 22.8053528Координати: 41°41′24.59″N 22°48′19.27″E / 41.6901639° СГШ; 22.8053528° ИГД / 41.6901639; 22.8053528
Населено место Русиново
Општина Берово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Петка
Изградба XIX век
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Света Петка — главна селска црква во малешевското село Русиново.[1] Црквата е сместена надвор од селото, десно од локалниот пат, кој води до соседното село Владимирово.[2] Покрај нејзе наоѓаат и селските гробишта.

Црквата била изградена во првата половина на 19 век. Богата е со икони и записи кои се однесуваат на различни временски периоди.[2]

Градба[уреди | уреди извор]

Првобитната црква била мала по димензии, а подоцна била проширувана од западната и јужната страна за потребите на верниците.

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Остатоци од фрескопис на ѕидовите се зачувани само во средишниот дел на средишниот кораб. Најголем дел од иконите се изработени од познатиот беровски зограф, Гаврил Атанасов, а дел се изработени од непознат зограф. Сите икони се реставрирани во 2000 година, а подоцна е реставриран и дрвениот дел од иконостасот.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. 2,0 2,1 „Берово“ (македонски). Берово. конс. 17 април 2017.  Text " Посетете го Берово" ignored (помош);
  3. Илиевска-Арсова, Весна (2011). „Пијанец-Малеш, изобилство од сонце и насмевки!“ (PDF). Штип: Центар за развој на Источен плански регион. стр. 43. конс. 17 април 2017. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]