ОУ „Никола Петров - Русински“ - Русиново

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Никола Петров - Русински“

Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Место
Општина: Општина Берово
Нас. место: Русиново
Адреса: ул. „Борис Кидрич“ бр. 1; 2315 Русиново
Основни информации
Број на ученици: 115
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место ооу-н-п-русински.мкд
Е-пошта rusinski_rusinovo@yahoo.com
Телефон 033/ 448-522

Основно училиште „Никола Петров Русински“ (официјално: Основно општинско училиште „Никола Петров Русински“ - Русиново; скратено: ООУ „Никола Петров Русински“) — единствено основно училиште во селото Русиново, едно од двете основни училиште во Општина Берово. Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Русиново, веднаш до самата градинка.

Училиштето е посетувано единствено од ученици од селото Русиново.

Историја[уреди | уреди извор]

Според некои податоци, се наведува дека училиштето работело уште во втората половина на XIX век. По ослободувањето започнало да работи во ноември 1944 година како осумгодишно училиште. Во првата година биле запишани 302 ученика. Најпрвин, било наречени „Даме Груев“, а од 1974 година го носи денешното име.

Градба[уреди | уреди извор]

Новата училишна градба била изградена во 1947 година на два ката, со 12 училници, фискултурна сала, како и кујна со трпезарија.

Училишната библиотека располага со 7802 книги.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]