Иван Белчев
Изглед
Иван Белчев | ||
Роден | 1867 Русиново, денес Република Македонија | |
---|---|---|
Починал | 24 јануари 1921 Русиново, денес Република Македонија |
Иван Белчев бил македонски револуционер, малешевски војвода на Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација.
Животопис
[уреди | уреди извор]Белчев е роден во 1867 година во Малешевското село Русиново, тогаш под Отоманското Царство. Влегува во ВМОРО и станува селски војвода. Учествувал во борбата во која загинал Даме Груев.
Учествува во Балканската војна како доброволец во Македонското-одринско ополчение и служи во четата на Дончо Златков во 13 Кукушка дружина. Бил носител на бронзен медал.[1]
Убиен е во 1921 година од српските власти.[2]