Љупчо Мирчовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Капетан Љупчо Мирчовски
19.10.1964 – 28.03.2001 (36 год.)
Капетан Љупчо Мирчовски.jpg
Роден во:Русиново, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Танушевци
Служба во:Македонија Македонија
Период на служба:1987 год. — 2001 год.
Чин:Капетан во АРМ
Единици:Logo of the Army of the Republic of Macedonia.svg АРМ
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
  • Операција MX-1
  • Битка за Тетовско Кале
  • Битка за Танушевци
Одличја:Medal za hrabrost mk.png Медал за храброст

Љупчо Мирчовски (Русиново, Беровско, 19 октомври 1964Танушевци, Скопска Црна Гора, 28 март 2001) бил македонски бранител, капетан во АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 28 март 2001 кај Танушевци при налет на нагазна мина.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Живот, војната 2001 и смрт[уреди | уреди извор]

Љупчо Мирчовски е роден на 19 октомври 1964 година во с. Русиново, Берово. Завршил воена академија во Белград 1987 година. Прво вработување во ЈНА во Загреб, потоа Приштина, а од 1 април 1992 година во АРМ во Скопје. Стаса до чинот капетан прва класа во хиерархијата на АРМ. Мирчовски беше Командант на Воената полиција кој на 28 март 2001 година бил извикан од состанок во корава соба во Генералштабот, а бил и со тогашниот Претседател на Р. Македонија Борис Трајковски пред Генералштабот пред да тргне, каде било одлучено токму тој да појде веднаш на Скопска Црна Гора - Рамно.

Командантот на Воената полиција Љупчо со група војници каде се упатил со војнички „пух“ и точно во 17 часот и 15 минути возилото на патот на Рамно нагазува на против тенковска мина поставена од страна на терористите на УЧК. На лице место животот го загубува капетанот Љупчо Мирчовски, додека останатите војници биле само повредени.

Во вечна црнина и тага Љупчо го остави своето семејство сопругата Надица и двете ќерки, како и родителите во Беровско каде е и неговиот вечен дом.[2][3] Љупчо Мирчовски постхумно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]