Теодор Стојановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Теодор Стојановски
12.02.1977 – † 04.03.2001 (24 год.)
Теодор Стојановски.png
Прекар:«Тоше»
Роден во:Драчево, Кисела Вода, Македонија Македонија
Починал во:Танушевци
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Граничар во MacedonianArmyLogo.svg АРМ
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
  • Операција MX-1 и МХ-2
  • † Битка за Танушевци
Одличја:Медал за храброст


Теодор Стојановски (Драчево, Кисела Вода, 12 февруари 1977Караула Танушевци, Скопска Црна Гора, 4 март 2001) бил македонски бранител, војник во АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 4 март 2001 на Караула Танушевци од снајперски оган од терористите на ОНА.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Живот и војната 2001 година[уреди | уреди извор]

Теодор Стојановски е роден на 12 февруари 1977 година во скопско Драчево.Во 2000 година, Теодор се пријавува на конкурс за прием во АРМ. Тој конкурирал со диплома на готвач од средно угостителско улилиште. Каков таков, со решение е и примен во АРМ. Меѓутоа, по приемот му било речено дека моментно нема услови да работи како готвач, па затоа во меѓувреме ќе оди на обука и ќе биде во единицата при АРМ „Шкорпиони“, а потоа, кога ќе се укаже можност, ќе биде префрлен во струката. Таа можност Теодор ја чекал пет ипол месеци и постојано бил или во касарната во Куманово или на терен. Неколку дена пред да се појави проблемот со терористите во Танушевци, Теодор се разболел од потешка форма на настинка. Од лекарот му било дадено боледување во траење на две недели. Кога изминала првата недела, од командата му се јавиле телефонски. Иако домашните го терале да си го доискористи биледувањето, тој истиот ден заминал, го затворил боледувањето и се јавил во касарната. Два дена останал во касарната а потоа бил упатен на караулата. Два дена потоа, загинува кај караулата „Танушевци“. Во чест на Теодор и сите загинати бранители од Општина Кисела Вода, во паркот на бранителите во Драчево е поставена спомен плоча на меморијалната фонтана. Теодор зад себе ја остави својата ќерка и сопругата.

Три верзии за една смрт[уреди | уреди извор]

Ако не се сметаат убиствата на полицајците при рутинска контрола во Арачиново 2000 година, и при нападот на полициската станица во Теарце, како најава за она што следува, Теодор Стојановски од Драчево е првата жртва на албанските терористи во Македонија. Загина утрото на 4 март 2001та, во близина на караулата „Танушевци“, на северната граница на Република Македонија. Непосредно по неговата смрт, во истиот реон, од нагазна мина загинаа и Кирчо Димитриов, капетан I класа во АРМ, од Штип, и војникот Дејан Јакимовски од Куманово. За Теодор велат дека загинал од најсофистициранииот снајпер на денешнината, таканаречената „црна стрела“, за која долго се тврдеше дека ниту ја слушнале, ниту ја имаат „голораките“ вооружени Албанци. Загина од современо оружје за кое и претходно се знаеше дека им е дадено на располагање на терористите од постарата сестра на ОНА, таканаречената ОВПМБ (Ослободителна војска за Прешево, Медвеѓа и Бујановац) во јужна Србија.

Според првата, официјална верзија, Теодор Стојановски, војник на АРМ, загинал на стражарско место, погоден во моментот кога наводно му заѕвонил мобилниот телефон и кога почнал да разговара со некој од домашните. Оваа верзија, таткото на Теодор, ја отфрла како конструкција, бидејќи во тој период на војниците не им било дозволено мобилните телефони да ги носат на позициите, туку ги оставиле во караулата. Верзијата не е точна и поради патеката на куршумот. Влезната рана на големокалибарскиот куршум е во пределот на срцето, а излезната во долниот дел на стомакот. Според тоа, Теодор бил погоден во лежечка позиција за дејствување а не во стоечка позиција.

Втората варијанта, домашните на Стојановски ја слушнале на 40-от ден од смртта, на поменот, од устата на војник кој во мигот на настанот бил на должност заедно со Теодор. Според војникот, тоа утро, од караулата забележале поголема група терористи кои се движеле кон нив. Терористите воопшто не се труделе да се камуфлираат или да се кријат. Кога се доближиле на дострелно растојание, тие се поделиле во три групи и завзеле полукружна позиција. Тогаш Теодор му рекол на својот другар, учесник и сведок на настанот, дека ќе претрча неколку метри подалеку за да не бидат сите во група и да можат да држат поширок фронт. Го сторил тоа во момент кога терористите веќе отвориле оган врз позициите на војниците. Имало доста силни престрелки. Војникот - сведок тврди дека двајца од терористите погодил, а смета дека „учинокот“ на Теодор бездруго бил поголем, бидејќи бил снајперист и имал подобра позиција. Во еден момент, велел војникот, забележува дека Теодор не е во вообичаената лежечка позиција. Нозете му беа чудно свиткани, небаре вклештени, а едната рака му беше згрчена и полна со земја. Сакав да претрчам кон него и да му помогнам, но од левата страна на Тоше имаше голема група терористи кои постојано пукаа кон нас. Просторот меѓу мене и Теодор беше во вкрстен оган, им рекол сведокот на семејството. Нешто подоцна, додека траела престрелката, долетале три хеликоптери. Двата биле на КФОР, а едниот на АРМ. Двата хеликоптера го штитиле третиот кој дошол да ги извлече војниците. Терористите пукале и во македонскиот хеликоптер, а оние на КФОР ги поштедиле. Во тој миг, негде горе, кај караулата „Танушевци“ се слушнала експлозија.

Третата верзија на настанот, родителите на Теодор ја слушнале од некој мајор во АРМ. Како претпоставен на единицата, мајорот појаснувал дека самиот командувал со конкретната акција. Но, меѓувреме му било соопштенодека кај караулата воено возило страдало од нагазна мина. Заминал да види што се случува кај караулата и, кога стасал таму му било соопштено дека долу, на позициите, еден војник бил повреден. За самиот случај не говорел конкретно, но, рекол: ако тоа воопшто може да ви биде некаква утеха, син ви не се мачеше.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Загинатите македонски војници не биле осигурени за војна“. Вест. 19 март 2001. http://star.vest.com.mk/default.asp?id=4711&idg=1&idb=236&rubrika=Makedonija. посет. 27 јануари 2015 г. 
  2. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 201 – 203