Драганчо Илиевски
| Драганчо Илиевски | |
|---|---|
| 09.02.1969 – † 17.03.2001 (31 г.) | |
| Роден во: | Скопје, |
| Починал во: | Попова Шапка |
| Служба во: | |
| Чин: | Постар водник во |
| Битки/војни: | Војна во Македонија 2001
|
| Одличја: | |
Драганчо Илиевски (Скопје, 9 февруари 1969 – Попова Шапка, Тетовско, 17 март 2001 ) — македонски бранител, постар водник во АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 17 март 2001 на Попова Шапка при пад на хелихоптерот Ми-17.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]
Живот, војната 2001 година и смрт
[уреди | уреди извор]Голема чест е да се чуваат и бранат граничните меѓи на родната земја. Со тоа вековно чувство, сегашните генерации кои доживеаја да живеат во независна македонска држава ја преземаат и извршуваат задачата со голем предизвик - бранител на Република Македонија. Тоа возвишено чувство силно се препознаваше во динамичниот и мошне почитуван постар водник прва класа Драганчо.
Задачата го одведе на планинска убавица, Шара која толку многу ја сакаше и познаваше, неизмерно со војниците и се радуваше и возхитуваше, никогаш не претпоставувајќи дека токму тука, недалеку од караулата ќе биде местото на последната издишка на Драганчо, син и најголема радост на мајката Мира и таткото Глигор; домаќин на сопственото семејство и неговото и на сопругата најголемо богатство во синот и ќерката кои останаа сираци кога татковата помош најмногу им требаше.
Загина на 17 март 2001 година, на 31 години за да споменот за него вековито трае. Драганчо Илиевски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Хеликоптер на АРМ се урна на Попова Шапка, еден загинат“. Вест. 19 март 2001. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-01-28.
- ↑ „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2017-07-03.