Гоце Чанкуловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гоце Чанкуловски
06.05.1962 – 10.08.2001 (39 год.)
Гоце Чанкуловски.png
Роден во:Љубанци, Скопско, СР Македонија
Починал во:Љуботенски Бачила, Македонија
Служба во:Македонија Македонија
Чин:MacedonianArmyLogo.svg Војник од резервен состав
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја:Medal za hrabrost mk.png Медал за храброст


Гоце Чанкуловски (Љубанци, Општина Бутел, 6 мај 1962Љуботенски Бачила, Љуботен (Скопско), 10 август 2001) бил македонски бранител, војник од резервен состав на АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 10 август 2001 година заедно со седуммина соборци, откако камион на АРМ полн со муниција налетува на две нагазни мини поставени на шумскиот пат на правецот Љубанци - Љуботенски Бачила на Скопска Црна Гора, на околу 5 км од селото.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Живот, војната 2001 и сведоштва[уреди | уреди извор]

Гоце Чанкуловски е роден на 6 мај 1962 година во селото Љубанци на Скопска Црна Гора. Тој беше горд на своето име кое има силно препознавање во македонската историја. Родното Љубанци беше за него омилено место. Кога започна воениот конфликт во 2001 година, за состојбите и иднината на земјата долго време муабетел со неговите родители согласувајќи дека без слободна и стабилна Македонија нема иднина и перспектива за младите. За овие цели, Гоце го прифаќа татковинскиот позив. Пред да започне воениот конфликт, Гоце беше машински техничар, подолго време вработен во одделот „Пумпи“ во Металскиот завод во Скопје. Кога му изврвиле 30 дена по мобилизацијата, раководителот му испратил порака веднаш да се врати на работа, бидејќи неговата машина стои и не дава друг да ја ракува, но Гоце морал да остане уште 30 дена во рововите по Црногорието. Можел да си замине, но командантот ги застрашувал резервистите дека тоа ќе биде третирано како самоволие, и подоцна, кога повторно ќе ги мобилизираат, ќе ги испратат подалеку, во Тетовско или Кумановско.[2]

Гоце си доаѓаше дома на три - четири месеци, по два, три часа да се искапи и преслече. За ситуацијата на теренот и за тоа што работат, на своите најблиски воошто не сакаше да разговара. Велеше: Како за сите, така и за мене. Во разговор само еднаш се опуштил кога биле заедно со неговиот братучед Томе Бадаревски, кои подоцна заедно ќе загинуваат, и кажал дека кога одат на позиции, по рововите низ планината и кога се враќаат од таму кон одмаралиштето на крајот од селото, никогаш не користат возило. Постоела опасност од поставени мини по патот, па оделе пеш и затоа подобро им било во патики отколку во цокули. Последен пат дојде на 9 август пред стемнување. Претрчал до селската продавничка, да си купи цигари, и да си ги види родителите.

Кога требаше да се врати дома, на 10 август 2001, кај Љуботенските Бачила, од подметната мина и друг експлозивен материјал настрада Гоце заедно со братучед му Томе Бадаревски и други шест војници. Гоце Чанкуловски и Томе Бадаревски биле први братучеди од две сестри, блиски како браќа. И во смртта останале заедно. Се качиле последни во камионот што требало да се спушти кон Љубанци. Всушност, трчале за да го стигнат и да се качат и тие, иако дотогаш постојано си доаѓале пеш дома. Откако ќе и се оддолжи на државата Гоце планирал да се ожени. Неговите родители тоа не го дочекаа. Чанкуловски постхумно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Цвеќе за жртвите кај Љуботенски Бачила“. Утрински Весник. 10 август 2014. конс. 2015-08-27. 
  2. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 175 – 178.
  3. „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012.