Прејди на содржината

Илче Стојановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Илче Стојановски
21.05.1976 – 28.04.2001 (24 г.)

Прекар:«Беснио»
Роден во:Породин, СР Македонија, СФРЈ
Починал во:Вејце, Македонија
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Полициски специјалец (ПЕП)
Единици: СВР Битола
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја: Медал за храброст

Илче Стојановски (Породин, 21 мај 1976 Вејце, 28 април 2001 ) ― македонски бранител, припадник на Посебната единица на СВР Битола при МВР, учесник во Воениот судир во Македонија во 2001 година. Загинал во заседа на 28 април 2001 во Масакрот кај Вејце.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]
Битолска чета ПЕП во РПС Вратница, Тетовско. На сликата се Бошко Најдовски († 25), Илче Стојановски († 24) и Кире Костадиновски († 24), кои подоцна ќе загинат заедно во масакрот кај Вејце на 28 април 2001 г.

Живот, војната 2001 и сведоштва

[уреди | уреди извор]

Илче Стојановски е роден на 21 мај 1976 година, во битолското село Породин. Имал завршено средно полициско школо и беше вработен во Битола.

Според мајката на Илче, тој и неговите другари, како елитни полицајци, постојано биле во реоните каде што биле водени најжестоките борби. Најпрво биле во Дебар, но набрзо бие повлечени оттаму и префлрени во Танушевци. Таму Илче бил 20 дена, па се вратил во Породин и 10 дена бил со своите во селото. Потоа повторно заминал во Танушевци и таму останал 15 дена, за потоа да биде префрлен во Тетово.[2]

Според еден близок војнички другар на загинатиот полицаец Илче Стојановски, веднаш пред да се случи масакрот, преку брановите на радиостаницата му се јавил дека се нападнати и барал помош.[3] Тој вели:"...му го препознав гласот и му реков на командирот да се вратиме и да им помогнеме. ...Уште еднаш очајнички и беспомошно се јави гласот на Илче преку радиостаница:[4]

Нема потреба повеќе да ни доаѓате во помош. Сите ќе изгинеме за Македонија...

И радиостаницата замолкнала. Смртта на Илче настанала како резултат на здобиените прострелни рани во пределот на главата и стомакот. Со кундак од пушка му е разнесена брадата а со нож му се нанесени рани на рацете и нозете. Не е докажано дали контузијата на брадата предизвикана со удари од кундак на пушка и горењето на долните екстремитети, терористите го извршиле додека бил сè уште жив или мртов. Телото од целосно изгорување го спасиле првите „тигри” што пристигнале на местото на масакрот.

Илче Стојановски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Македонија.[5]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Панихида за осумтемина бранители загинати кај Вејце“. Утрински Весник. 29 април 2007. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-01-10.
  2. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 99.
  3. „Кои се тастерите што ја предадоа патролата?“ (PDF). Македонско Сонце. 17 ноември 2006. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-04-08. Посетено на 2015-01-10.
  4. „Масакрот кај Вејце“. Македонско Сонце. 17 ноември 2006.
  5. „Посмртно одликување со Медал за храброст за 32 припадници на безбедносните сили на МВР“. president.mk. 7 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2019-03-28. Посетено на 2019-03-28.