Прејди на содржината

Раде Јанковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Раде Јанковски
01.11.1968 – 10.08.2001 (32 г.)

Роден во:Волково, Скопје, СР Македонија
Починал во:Љуботенски Бачила, Македонија
Служба во:Македонија Македонија
Чин: Војник од резервен состав
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја: Медал за храброст


Раде Јанковски (Волково, Општина Ѓорче Петров, 1 ноември 1968Љуботенски Бачила, Љуботен (Скопско), 10 август 2001) бил македонски бранител, војник од резервен состав на АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 10 август 2001 заедно со седуммина соборци, откако камион на АРМ полн со муниција налетува на две нагазни мини поставени на шумскиот пат на правецот Љубанци - Љуботенски Бачила на Скопска Црна Гора, на околу 5 км од селото.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Живот, војната 2001 и сведоштва

[уреди | уреди извор]

Раде Јанковски е роден на 1 ноември 1968 година во скопското село Волково. Потекнува од семејство кое многу членови давала за слободата на Македонија. Братот на неговиот дедо загинал за време на Турското ропство за Македонија и оставал три сираци. Друг член од фамилијата загинува за време на втората светска војна во Сремски фронт. И тој остави тројца сираци. Кога дојде ред Раде да ја брани таа слобода, кога започна војната 2001 година во Македонија, без никакви дилеми го прифати татковинскиот позив, и ако најблиските го советуваа да ја одбие поканата. Раде претходно работеше како бравар во млинот „Шар“ на Жито - Скопје во Лисиче, беше главен на одржување на машините. Според татко му, ако ќе побараше од раководителите, сигурно ќе го ослободеа од мобилизацијата. Раде велеше:

„Не, не сакам никој да ме ослободува од обврската. Сите мои другари и роднини одат и јас ќе заминам. Тоа е посилно од мене.”

— Раде Јанковски (†32), еден од загинатите во масакрот кај Љуботенски Бачила, [2]

Поканата за мобилизација Раде Јанковски ја примил на 9 јули. На 10 јули заминал во касарна во Скопје. Истиот ден го однеле во Љубанци, во детското летувалиште. Во почетокот распоредот им бил по 12 часа на позиции, 12 часа во летувалиштето. Оделе по двајца на позиција во ров. Подоцна 12 дена непрекинато биле на позиции во непосредна близина на Матејче, во планината. Потоа, кога дошол дома колку да се видат, очите му биле закрварени. На домашните им објаснил дека тоа е од ветерот и од огнот. Во планината, среде лето било мошне студено и ветровито, па кога за тоа имале можности, палеле оган за да се затоплат. За сето време, се менување на позиции, за спиење речиси и немало време, затоа очите му биле крвави. Раде Јанковски во редовниот воен рок бил возач и никогаш не фатил оружје ниту сакал да го има. Затоа и при мобилизацијата не испукал ниту еден куршум. Човекот бил приврзан кон семејството и другарите. Кога се јавувал телефонски, најнапред се слушал со дечињата, а потоа со сопругата и родителите.

По истекот на мобилизацискиот период од еден месец, групата на Раде требало да биде демобилизирана на 8 август. Бидејќи смената не им дошла, задржани се два дена подолго. На 10 август утрото, кога веќе е комплетирана смената, кон позициите заминува камионот со 16 војници, а назад за последен пат, треба да ги врати 16 војници што си го отслужиле своето. На враѓање, на само километар од летувалиштето, кај Љуботенските Бачила, одделението на Раде страда од нагазна мина или експлозивна направа. Иако во тој пекол сите страдаат, по некоја случајност, од 16 момчиња, односно од 8 двојки, загинува по еден член а едниот останува тешко повреден. Тие сега се сведоци за сите активности што ги имале ваквите двојки на теренот.

Раде зад себе остави сопруга со две деца. Тој посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[3]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Цвеќе за жртвите кај Љуботенски Бачила“. Утрински Весник. 10 август 2014. Посетено на 2015-08-27.[мртва врска]
  2. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 168 – 171.
  3. „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2018-01-29.