Љубомир Акимовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Љубомир Акимовски
1961 – 17.09.2001 (40 г.)
Роден во:Кисела Вода, Скопје, СР Македонија
Починал во:Водно, Скопје, Македонија
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Војник во Logo of the Army of the Republic of Macedonia.svg АРМ
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја:Medal za hrabrost mk.png Медал за храброст


Љубомир Акимовски (Кисела Вода, Скопје, 1961Водно, Скопје 17 септември 2001) бил македонски бранител, војник на АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Живот, војната 2001 и смрт[уреди | уреди извор]

Љубомир Акимовски е роден во 1961 година во Кисела Вода, Скопје. Загинал на 17 септември 2001 година во одбрана на територијалниот суверенитет и интегритет на Македонија на планината Водно. Акимовски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија. Во негова чест, во паркот на бранителите во скопско Драчево е поставена спомен плоча на меморијалната фонтана.[2][3][4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 205
  2. „Споменикот за бранителите се фрла од мене до тебе“. Вест. 17 мај 2003. Архивирано од изворникот на 2014-08-08. Посетено на 2018-01-29.
  3. „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012.
  4. „Се пушти во употреба Паркот на бранителите во Драчево“. kiselavoda.gov.mk. 28 јули 2013. Посетено на 2018-01-29.