Прејди на содржината

Атанас Јанев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Атанас Јанев
23.08.1976 – 23.06.2001 (24 г.)

Роден во:Струмица, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Битка за Арачиново
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Специјалец во МВР
Единици: ПЕП
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја: Медал за храброст


Атанас Јанев (Струмица, 23 август 1976Арачиново, Скопско, 23 јуни 2001) бил македонски бранител, специјалец во ПЕП, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 23 јуни 2001 кај гробиштата во Брњарци во Битката за Арачиново.[1] Официјално загинал при престрелка со албанските терористи, но постојат тези дека е убиен од граната на македонската армија, поради некоординираност помеѓу АРМ и МВР.[2]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Живот, војната 2001 и сведоштва

[уреди | уреди извор]

Атанас е роден на 23 август 1976 година во Струмица. Неговата фамилија потекнува од струмичкото село Мокриево. Во детството секогаш сакаше со постарите да муабети и да слуша за минатото на својот народ и земја. Уште тогаш му се познавало патриотскиот дух. При секое минување низ градскиот плоштад, застануваше и се поклонуваше на паметникот на Делчев војводата, не претпостувајќи дека и самиот ќе го прифати татковинскиот позив и ќе замине на бранителската задача. Премногу го почитуваше и споменуваше ликот и делото на Гоце Делчев.[3]

После полнолетството, Атанас имаше силни желби да и служи на татковината и да се приклучи во специјалците. Откако е вработен како полицаец, тој брзо напредувал и станал припадник на струмичката Посебна единица на Полиција. Кога започнал воениот конфликт во 2001 година, го прифати татковинскиот позив и останаа достоен и верен на заклетвата. Неколку месеци пред да почне војната во 2001 година, во декември 2000 година тој стапил брак со неговата сопруга, која веќе била трудна и очекувале прво дете. Атанас ја доживува истата судбина како и неговиот соборец, беровчанецот Никола Пехчевски, кои заедно загинаа, и двајцата не дочекале да си ги видат децата. Неговото чедо денес го носи татковото име - Атанас.[4]

Атанас како и другите соборци кои загинуваат заедно, доброволно се пријавувале да учествуваат во првите борбени редови во акцијата за ослободување на Арачиново

При акцијата, која ЕСЗ Тигар ја започна западно од Арачиново во Брњарци, кај селските гробишта е погоден од армиска граната заедно со Александар Стојчев, Оливер Китановски и Никола Пехчевски, кои на лице место загинуваат. Напредувањето на ЕСЗ Тигар не беше известено, и кога се нашле на поранешна непријателска позиција биле погодени од армиска граната. Се води како несреќен случај и нема виновни. Некоординираноста помеѓу АРМ и МВР е причината.

Во негова чест, на влезот на домот на културата во Мокриево е откриена спомен плоча.[5] Атанас Јанев посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[6]

Вистината околу смртта и некоординираноста помеѓу АРМ и МВР

[уреди | уреди извор]

За време на војната во 2001 година, кога функционираше таканаречената широка влада, припадниците на двете клучни министерства (Министерството за внатрешни работи, раководено од ВМРО-ДПМНЕ, и Министерството за одбрана, раководено од СДСМ) поради некоординираност се однесуваа како две непријателски војски. Македонската јавност сè уште се замајува со некаква верзија за настанот според која сè се сведува на тоа дека тројцата припадници на МВР се убиени од албанските терористи при акцијата за ослободување на Арачиново, кое претходно, на 9 јуни 2001 година, тогашната ОНА го прогласи за слободна територија. Ниту една влада досега не успеала да го расветли контроверзното загинување на бранителите кај гробиштата во Брњарци, село на околу два километри од скопско Арачиново.[7]

Потресните информации за загинувањето на полицајците на гробиштата кај Брњарци, според поранешниот разузнавач Јанко Бачев, се криеле од јавноста затоа што државата ќе морала да им плати обесштетување на нивните семејства.

На гробиштата кај Брњарци на 23 јуни 2001 година кога загинаа тројцата полицајци, од артилериски оган тешко беше ранет Оливер Китановски, припадник на Единицата за специјални задачи „Тигар“. Почина по пет дена, на 21 годишна возраст. Четворицата бранители, како што сведочат нивни колеги, доброволно се пријавиле да учествуваат во првите редови во акцијата за ослободување на Арачиново.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „13 години од смртта на Атанас Јанев – бранител на Татковината“. Strumica Online. 23 јуни 2014. Архивирано од изворникот на 2014-06-28. Посетено на 2015-04-07.
  2. „Државата мора да ги расчисти сите контроверзии за загинувањето на македонските бранители!“. МКД.мк. 10 јули 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-04-07.
  3. „Писмо од бранителот Тони Ангелески: Ви благодарам јунаци!“. plusinfo.mk. 23 јуни 2016. Архивирано од изворникот на 2016-06-24. Посетено на 2015-06-27.
  4. „Струмица се прости од убиениот специјалец Атанас Јанев“. Дневник. 14 јануари 2013. Посетено на 2015-06-27.[мртва врска]
  5. „Откриена спомен плоча во чест на Атанас Јанев“. Југоинфо.мк. 25 јуни 2001. Посетено на 2015-04-07.
  6. „Посмртно одликување со Медал за храброст за 32 припадници на безбедносните сили на МВР“. president.mk. 7 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2019-03-28. Посетено на 2019-03-29.
  7. „Битка за Арачиново“. ndm.org.mk. 23 јуни 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-04-07.