Оливер Петрушевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Оливер Петрушевски
1978 – 11.11.2001 (23 год.)
Оливер Петрушевски.PNG
Прекар:«Оки»
Роден во:Куманово, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Требош
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Специјалец во Macedonian Police insignia.png МВР
Единици:Лавови.png Лавови
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја:Medal za hrabrost mk.png Медал за храброст

Оливер Петрушевски (Куманово, 1978Требош, Тетовско, 11 ноември 2001) бил македонски бранител, припадник на единицата „Лавови“ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал во заседа на 11 ноември 2001 во заседата Требош.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Живот, војната 2001 и заседата „Требош“[уреди | уреди извор]

Оливер е роден 1978 година во Куманово. Бил неженет. Тој на почетокот од воените дејствија во Македонија 2001 бил повикан во резервниот состав на полицијата. Како резервист покажал изворедни резултати по што е примен во посебната единица како редовен полицаец. Загинува со само 23 години во заседата кај тетовското село Требош.

Заседата се случила кога албанските терористи на 11 ноември 2001 година во околу 19 часот, од заседа поставена на двете страни на патот кон селото Требош, отвориле оган врз возила на МВР. Од едниот бункер терористите пукале со автоматски пушки, додека од фортификациското утврдување од спротивната страна стрелале со рачен фрлач за гранати и со „зоља“. Во првото возило од колоната, џип „лада нива“, во кое се наоѓал еден од загинатите полицајци, терористите пукале со автоматско оружје. Во исто време, од бункерот од другата страна на патот, албанските бандити со по една граната од „зоља“ и од рачен фрлач го погодиле второто возило од колоната, оклопниот транспортер „БТР“. Во транспортерот загинале двајцата полицајци.

Улогата на Оливер и останатите убиени во заседата во Требош беше да извршат обезбедување на просторот каде што требаше да почнат активностите за ексхумација на киднапирани и убиен Македонци. Оливер загинува на 23 годишна возраст заедно со Драго Маневски и Бобан Трпков.[2] Оливер Петрушевски постхумно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Загинаа тројца „Лавови“". А1. 11 ноември 2001. конс. 2016-10-06. 
  2. "Тројца загинаа без потреба". Вест. 11 ноември 2001. конс. 2016-10-06. 
  3. "Постхумно одликување со Медал за храброст за 32 припадници на безбедносните сили на МВР". president.mk. 7 мај 2013.