Чедо Додевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чедо Додевски
1956 – † 13.02.2001 (45 г.)

Роден во:Куманово, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Слупчане, Кумановско
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Полицаец
Единици: СВР Куманово
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја: Медал за храброст


Чедо Додевски (Куманово, 1956Слупчане, Кумановско, 13 февруари 2001) бил македонски бранител, сообраќаен полицаец и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Намерно прегазен е со кола на патот Куманово - Липково на 13 февруари 2001. Зад убиството стоеше ОНА.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Живот, војната 2001 година и смрт[уреди | уреди извор]

Чедо Додевски е роден во 1956 година во Куманово. Беше вработен во Управата за внатрешни работи во Куманово. Тој од почетокот на воениот конфликт 2001 година бил сообраќаен полицаец.

На 13 февруари 2001 година, вршејќи рутинска сообраќајна контрола, со уште тројца свои колеги на локалниот пат Куманово - село Липково, во околу 17:30 часот бил прегазен од „застава 750“. Автомобилот без регистерски таблички бил управуван од 35-годишниот Фериз Куртиши од селото Слупчане. Куртиши, кој возел со голема брзина го удрил полицаецот и избегал од местото на настанот, но полицијата го пронашла и привела во Управата за внатрешни работи во Куманово, половина час по инцидентот. Сообраќаецот Додевски од ударот бил тешко повреден, а починал во Ургентниот центар во Скопје, околу 21 часот, истиот ден. Куртиши не го запрел возилото на дадениот знак од службеното лице, туку со голема брзина продолжил свртувајќи десно од патот, при што со предниот дел од „фиќото“ го удрил полицаецот.[2]

Погребан е на гробиштата во родното Куманово. Чедо Додевски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002
  2. „Со нерегистрирано "фиќо" усмртил сообраќаен полицаец“. Вест. 13 февруари 2001. Архивирано од изворникот на 2014-08-08. Посетено на 2017-06-28.
  3. „Посмртно, со медал за храброст, одликувани 32 загинати припадници на МВР“. webohrid.com. 7 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2014-02-23. Посетено на 2017-06-28.