Дејанчо Богданов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дејанчо Богданов
27.02.1980 – 24.03.2001 (21 год.)
Дејанчо Богданов.png
Роден во:Чашка, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Велес, Македонија Македонија
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Војник во MacedonianArmyLogo.svg АРМ
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
  • Операција MX-1
Одличја:Medal za hrabrost mk.png Медал за храброст


Дејанчо Богданов (Чашка, Велешко, 27 февруари 1980Велес, 24 март 2001) бил македонски бранител, војник на АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 24 март 2001 година од експлозија на бомба при обука.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Живот, војната 2001 и сведоштва[уреди | уреди извор]

Дејанчо Богданов е роден на 27 февруари 1980 година во Чашка, Велешко. Кога започна воениот конфликт 2001 година беше дел од „Велешката бригада“, која во текот на седумте месеци воени операции беше распоредена на Матка, Рашче, Танушевци, Карпалак, Кучково, Слупчане и Ваксинце. Загинал на 24 март 2001 година од експлозија на бомба при обука во близината на Велес. Неговото име е испишано на бронзената плоча на споменикот на бранителите во центарот на Скопје.[2] Богданов е еден од шестмината велешки бранители кои го положија својот живот во територијалниот суверенитет и интегритет на Република Македонија.[3] Дејанчо Богданов постхумно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]