Даил Јанкоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Даил Јанкоски
1955 – † 26.08.2002 (47 год.)
Роден во:Гостивар, Македонија Македонија
Починал во:Гостивар, Тетовско
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Полициски резервист
Единици:Macedonian Police insignia.png СВР Гостивар
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
  • Операција MX-1 и МХ-2
Одличја:Медал за храброст


Даил Јанкоски (Гостивар, 1955Гостивар, 26 август 2002) бил македонски бранител, полицаец на СВР Гостивар и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинува на 26 август 2002 година при напад од колаво движење.[1] Одговорноста за нападот ја превзема терористичката организација АНА.

Биографија[уреди | уреди извор]

Живот, војната 2001 и смрт[уреди | уреди извор]

Даил Јанкоски е роден во 1955 година во Гостивар. Израснува во населбата Циглана, каде што населението е претежно македонско. Учествува во воениот конфликт во 2001 година како полициски резервист. На 26 август 2002 година, Даил е убиен заедно со неговиот колега Александар Николиќ откако на нив беше пукано од автоматска пушка од автомобил во движење.

Настанот се случил околу 00:40 часот кога Јанкоски, Николиќ и третиот полицаец вечерта по завршувањето на работната должност се упатиле кон бараката на месната заедница Циглана. Таму тие со намера да се одморат седнале да се напијат кафе. Во тој момент на улицата со преголема брзина, а потоа и со нагло кочење се појавил бел голф и од прозорите на автомобилот четирите непозанти лица отвориле оган кон полицајците и кон блиската кафеана „Цин Чун“ која во тој момент била преполна со гости. Од ројот испукани куршуми четири завршиле во прозорците од кафеаната, но за среќа никој од гостите не бил повреден.

Веднаш по престрелката непознатите со голема брзина се оддалечиле од местото на злосторството. Додека бегале тие повторно припукале. По нив од службеното оружје што го носел со себе припукал и полицаецот кој успеал да се спаси. Напаѓачите сепак избегале во една од темните гостиварски улички. Во тој дел од градот кој претежно е населен со Македонци ни за време на војната 2001 година ниту пак после завршувањето немало поставено полициски пунктови, а ретко се случувало да биде извршена и сообраќајна контрола. Од тој дел на градот се оди кон гостиварските села Беловиште, Лакавица, Србиново, Трново и Страјане, претежно населени со албанско население.[2]

Терористичката организација АНА ја презеде одговорноста за убиството на полицајците во Гостивар. Во нивното соопштение пишувало дека терористите на АНА биле принудени да ги нападнат Славомакедонските полициски сили.[3] Виновниците за убиството не се откриени. Даил зад себе остави сопруга со две деца.

Наводи[уреди | уреди извор]