Марјан Божиновски
| Марјан Божиновски | |
|---|---|
| 16.05.1974 – † 28.04.2001 (26 г.) | |
| Роден во: | Горно Оризари, СР Македонија, СФРЈ |
| Починал во: | Масакрот кај Вејце |
| Служба во: | |
| Чин: | Главен полициски специјалец (ПЕП) |
| Единици: | |
| Битки/војни: | Војна во Македонија 2001 |
| Одличја: | |
Марјан Божиновски (Горно Оризари, Битолско, 16 мај 1974 – Вејце, 28 април 2001 ) ― македонски бранител, припадник на Посебната единица на СВР Битола при МВР, учесник во Воениот судир во Македонија во 2001 година. Загинал во заседа на 28 април 2001 во Масакрот кај Вејце.[1]
Биогафија
[уреди | уреди извор]Живот, војната 2001 година и смрт
[уреди | уреди извор]На 28 април 2001 година на патот меѓу тетовските села Селце и Вејце, згаснал животот на 26 годишниот Марјан и на војниците и полицајците во Масакрот кај Вејце, кои застанале во одбрана на својата македонска земја, а станале жртви на силите на ОНА.
Во Масакрот кај Вејце, иако Марјан се здобил со повеќе огнострелни рани, додека давал знаци на живот, бил запален од терористите, при што неговото тело било целосно јагленисано од изгореници од четврти степен, со одвоени долни екстремитети. Погребан е на гробиштата во Битола. Божиновски остана неженет и без деца. Марјан Божиновски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Македонија.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Масакрот кај Вејце“ (PDF). Македонско Сонце. 17 ноември 2006. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-04-08. Посетено на 2015-01-11.
- ↑ „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2017-11-05.