Пеце Матичевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пеце Матичевски
22.08.1978 – 05.06.2001 (22 г.)

Роден во:Новаци, Битолско, СР Македонија СР Македонија
Починал во:пат Гајре - Шипковица
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Резервист на АРМ
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
  • Операција MX-1
  • Операција MX-2
  • Заседа „Гајре - Шипковица“
Одличја: Медал за храброст


Пеце Матичевски (Новаци, Битолско, 22 август 1978Шипковица, Тетовско, 5 јуни 2001) бил македонски бранител, резервист на АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 5 јуни 2001 во заседа на патот Гајре - Шипковица.[1][2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Споменик на Бранителите (Битола) во Битола, посветен на битолските бранители.

Живот, војната 2001 и сведоштва[уреди | уреди извор]

Со голема љубов стапи во резервниот состав на АРМ. Колку и да го сакаше родното Новаци, питомо и познато село во пелагониската равница, Пеце се определи да ја облече воената унифрома. Беше омилен во единицата и со своите 23 години служеше за пример бидејќи за него немаше задача која не може да ја изврши. Беше загрижен за болниот татко Благоја и мајка си Весела која беше столб на семејството.

На 5 јуни 2001 година ја извршуваше редовната војничка задача на реонот Шипковица, тетовско село кое крие многу тајни за судбината на македонските херои. Убиен е кукавички на 23 години оставајќи ги во очај најблиските, момите и пријателите за кои Пеце беше личност за паметење. Пеце Матичевски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[3]

Заседа на патот Гајре - Шипковица[уреди | уреди извор]

На 5 јуни 2001 кај патот Шипковица - Гајре, во заседа слична на Вејце загинуваат 5 припадници на АРМ, меѓу нив и Пеце Матичевски. Сите петмина загинале за само 15 минути, прво Руфати и младиот Китанов, а потоа без никаква придружба, по претходна наредба да пружат помош на повредени војници во армиско-полицискиот пункт во Шипковичка кривина, во истата заседа паднале Матичевски, Силјанов и Миленковски.

На свиокот на патот што води кон овој пункт, терористите со рачен фрлач го погодиле возилото "пик-ап 101", кое носело храна за пунктот кај Шипковица. На самото место загинале Руфати и Китанов, кои биле во возилото. По само пет минути, на истото место е нападнат џип "ланд ровер", кое се упатило да им помогне на ранетите во Шипковица. Од четворица луѓе внатре, тројца загинаа на местото.

Според увидот, на возилата било пукано од две групи по 5-6 напаѓачи, од 8-10 метарска оддалеченост. На местото биле најдени 60 празни чаури, рачни бомби, неексплодирани гранати. По џипот се движело санитетско возило, кое за влакно успеало да сврти и лекарите да се спасат од заседата.

На 5 јуни 2010 година, во чест на петтемина загинати војници е поставен спомен плоча на местото каде загинаа.[4][5][6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Убиени уште петмина војници на АРМ“. Вест. 6 јуни 2001. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-02-20.
  2. „Потсетник за загинатите бранители кај Гајре“. Алфа ТВ. 5 јуни 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-07. Посетено на 2015-02-20.
  3. „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2019-03-29.
  4. „Поставена плоча за петтемина загинати бранители кај Гајре“. Дневник. 6 јуни 2010. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-02-20.
  5. „Чествување за војниците убиени во заседа кај Селце“. Дневник. 18 март 2010. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-02-20.
  6. „Почит за хероите кои загинаа кај Гајре“. Нова Македонија. 4 јуни 2013. Посетено на 2015-02-20.[мртва врска]