Нане Наумоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нане Наумоски
29.01.1953 – 08.08.2001 (48 год.)
Нане Наумоски.png
Роден во:Прилеп, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Масакрот кај Карпалак
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Резервен капетан во MacedonianArmyLogo.svg АРМ
Командува/л со:Гарнизон Прилеп
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја:Medal za hrabrost mk.png Медал за храброст


Нане Наумоски (Прилеп, 29 јануари 1953 – на автопатот Скопје - Тетово, Карпалак, 8 август 2001) бил македонски бранител, резервен капетан во АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 8 август 2001 на автопатот Скопје - Тетово во масакрот кај Карпалак.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Живот, војната 2001 и смрт[уреди | уреди извор]

Нане Наумоски е роден на 29 јануари 1953 година во Прилеп. Нане бил дипломиран економист. Порано работел во трговија. Во последните седум години од животот бил еден од сопствениците на „Тритекс“ во Прилеп. Фирмата изработува долна облека и, како што велат во неа, добро напредува. Почнала со тројца, а сега има 60 вработени. Идеите на Нaне и неговиот брат, сосопственик на фирмата, воделе кон тоа фабриката да се прошири барем уште толку.[2]

Меѓутоа, на 23 јули 2001 година, Нaне бил мобилизиран. Како капетан во резерва, тој му бил заменик на Сашо Китаноски во командата за одбрана на градот. Во касарната одел секој ден и учествувал во вежбовните активности на резервистите. Одел и на Криволак, а еднаш, заедно со Сашо Китаноски бил и во Тетово каде воделе смена.

Нане немаше никакви дилеми да се пријави на мобилизацијата која ја бараше тогашната безбедносна состојба во земјата. Имаше силен мотив во себе и посебно патриотско чувство.

Загинува заедно со другите девет војници во масакрот кај Карпалак на 8 август 2001 година. Нане зад себе ја остави сопругата и неговите две деца. Постхумно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „13 години од загинувањето на македонските резервисти кај Карпалак“. Фокус. 8 август 2014. конс. 2015-06-03. 
  2. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 128
  3. „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012.