Никола Пехчевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Никола Пехчевски
09.07.1976 – † 23.06.2001 (24 год.)
Никола Пехчевски - Коки.PNG
Прекар:«Коки»
Роден во:Берово, Македонија Македонија
Починал во:Битка во Арачиново
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Специјалец во Macedonian Police insignia.png МВР
Единици:ЕСЗ ТИГАР лого.png ЕСЗ Тигар
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја:Медал за храброст


Никола Пехчевски (Берово, 9 јули 1976Арачиново, Скопско, 23 јуни 2001) бил македонски бранител, специјалец во ЕСЗ Тигар, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 23 јуни 2001 кај гробиштата во Брњарци во битката за Арачиново.[1] Официјално загинал при престрелка со албанските терористи, но постојат тези дека е убиен од граната на македонската армија, поради некоординираност помеѓу АРМ и МВР.[2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Четвртиот вод на ЕСЗ ТИГАР на чело со генерал Стојанче Ангелов во полигонот за обука „Стенковец“, Скопје. Опкружените од лево се Александар Серафимов, Никола Пехчевски и Оливер Китановски, сите загинати во 2001 година.

Со посебно чувство и одговорност за судбината и иднината на својата земја, во рововите крај Арачиново од каде што Скопје, главниот град се гледа како на дланка, минуваа деновите на полицаецот Никола. Дојде од Берово. Со мислите беше кај својата сопруга, со која ја очекуваа семејната рожба. Таткото Ефтим и мајката крстена по името на татковината, Македонка, го очекува своето внуче. Никола веднаш после неговата свадба го прекинува одморот и доброволно се враќа во единицата. При разделбата со мајката, Пехчевски и' рекол:

„Не мамо, има многу ранети. Сите сме од крв и месо, треба да се смениме. Не може едни да се борат а други да уживаат. Одам да ја одбранам Македонија“.

Никола Пехчевски (†25), при разделбата со мајка му

Гине јуначки во нерамна битка заедно со неговите колеги Атанас Јанев, Александар Стојчев и Оливер Китановски кај гробиштата во Брњарци, одма пред селото Арачиново.[3] Еден соборец на Никола Пехчевски вака го опишува моментот кога тој загинува во битката за Арачиново: „Тој загина на два метри од мене, во екот на борбите во село Арачиново. Му беше разнесена главата. Се сеќавам во последните секунди кога свиеа куршумите, помеѓу јаките експлозиии. Се погледавме. Верувате или не, имаше насмевка на лицето и ме бодреше со погледот.“

Зад себе ја оставил сопругата со ќерката, која не ја дочека.[4] Пехчевски постхумно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.[5] На 2 август 2016 година на влезот на спортската сала во Берово која го носи името „Македонски бранители“ поставена е спомен - плоча на која се испишани имињата на четворицата бранители од Берово кои во конфликтот во 2001 година го изгубија својот живот, Љупчо Мирчовски, Димитар Двојаковски, Зоран Бубевски и Никола Пехчевски.[6]

Вистината околу смртта и некоординираноста помеѓу АРМ и МВР[уреди | уреди извор]

За време на војната во 2001 година, кога функционираше таканаречената широка влада, припадниците на двете клучни министерства (Министерството за внатрешни работи, раководено од ВМРО-ДПМНЕ, и Министерството за одбрана, раководено од СДСМ) поради некоординираност се однесуваа како две непријателски војски. Македонската јавност сè уште се замајува со некаква верзија за настанот според која сè се сведува на тоа дека тројцата припадници на МВР се убиени од албанските терористи при акцијата за ослободување на Арачиново, кое претходно, на 9 јуни 2001 година, тогашната ОНА го прогласи за слободна територија. Ниту една влада досега не успеала да го расветли контроверзното загинување на бранителите кај гробиштата во Брњарци, село на околу два километри од скопско Арачиново.[7]

Потресните информации за загинувањето на полицајците на гробиштата кај Брњарци, според поранешниот разузнавач Јанко Бачев, се криеле од јавноста затоа што државата ќе морала да им плати обесштетување на нивните семејства.

На гробиштата кај Брњарци на 23 јуни 2001 година кога загинаа тројцата полицајци, од артилериски оган тешко беше ранет Оливер Китановски, припадник на Единицата за специјални задачи „Тигар“. Почина по пет дена, на 21 годишна возраст. Четворицата бранители, како што сведочат нивни колеги, доброволно се пријавиле да учествуваат во првите редови во акцијата за ослободување на Арачиново.[8]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Четворица бранители загубивме кај Арачиново“. Нова Македонија. 23 јуни 2014. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=62311950472&id=9&setIzdanie=22312. посет. 7 април 2014 г. 
  2. „Државата мора да ги расчисти сите контроверзии за загинувањето на македонските бранители!“. МКД.мк. 10 јули 2013. http://www.mkd.mk/makedonija/politika/drzhavata-mora-da-gi-raschisti-site-kontroverzii-za-zaginuvanjeto-na. посет. 7 април 2015 г. 
  3. „12 години од смртта на Јанев, Пехчевски и Стојчев“. Канал 5. 22 јуни 2013. http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=10618. посет. 7 април 2015 г. 
  4. „Нова надеж за која вреди да се живее“. Вест. 26 јануари 2002. http://star.vest.com.mk/default.asp?id=21158&idg=2&idb=465&rubrika=Revija. посет. 7 април 2015 г. 
  5. „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. http://www.mkd.mk/52147/makedonija/medal-za-hrabrost-za-vojnici-na-arm. 
  6. „Во Берово откриена спомен-плоча на македонските бранители (ФОТО)“. MKD.mk. 01 август 2016. https://www.mkd.mk/makedonija/vo-berovo-otkriena-spomen-plocha-na-makedonskite-braniteli-foto#4. 
  7. „Битка за Арачиново“. ndm.org.mk. 23 јуни 2013. http://www.ndm.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=821:bitka-za-aracinovo&catid=38:new-collection&Itemid=58. посет. 7 април 2015 г. 
  8. „Загинаа за државата, а нема кој да ја исправи неправдата за нивните семејства“. МКД.мк. 9 јули 2013. http://www.mkd.mk/makedonija/politika/zaginaa-za-drzhavata-a-nema-koj-da-ja-ispravi-nepravdata-za-nivnite-semejstva#naslovna-accordion-0. посет. 7 април 2015 г.