Игор Николовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Игор Николовски
1975 – 26.03.2001 (26 год.)
Игор Николовски.png
Роден во:Скопје, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Грачани
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Logo of the Army of the Republic of Macedonia.svg Армиски резервист
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја:Medal za hrabrost mk.png Медал за храброст


Игор Николовски (Скопје, 1975Грачани, Општина Ѓорче Петров, 26 март 2001) бил македонски бранител, армиски резервист и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинува на 26 март 2001 година кај караулата Чашка, на местото Чело, во несреќен случај.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Живот, војната 2001 година и смрт[уреди | уреди извор]

Игор Николовски е роден во 1975 година во Скопје. Израснува во скопската населба Ченто. Тој од почетокот на воениот конфликт 2001 година бил армиски резервист. Игор бил прв братучед со колумнистот Влатко Васиљ.[2] По потрага по сигурноста и егзистенцијата на своето семејство, кон кое со целата емоцијаи љубов беше приврзан, Игор се определи да ја облече униформата и стапи во резервниот состав на Армијата на Република Македонија. Веруваше дека на тој начин му обезбедува мирно и безгрижно детство на својот син. Загинува на 26 март 2001 година кај караулата Чашка, на местото Чело, во несреќен случај. Николовски загинал додека бил во патрола на набљудувачките пунктови во тој дел на северната граница.[3]

Во негова чест на плоштадот во населбата Хиподром е поставено спомен плоча. Погребан е на гробиштата Камник во населбата Ченто. Игор Николовски постхумно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.[4] Николовски во жалост го остави своето семејство, сопругата и синот.

Наводи[уреди | уреди извор]