Сашо Китаноски
Сашо Китаноски | |
---|---|
11.11.1961 – † 08.08.2001 (39 г.) | |
Роден во: | Прилеп, СР Македонија |
Починал во: | Масакрот кај Карпалак |
Служба во: | Македонија |
Чин: | Резервен поручник во АРМ |
Командува/л со: | Гарнизон Прилеп |
Битки/војни: | Војна во Македонија 2001
|
Одличја: | Медал за храброст |
Сашо Китаноски (Прилеп, 11 ноември 1961 – на автопатот Скопје - Тетово, Карпалак, 8 август 2001) бил македонски бранител, резервен поручник во АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 8 август 2001 на автопатот Скопје - Тетово во масакрот кај Карпалак.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Живот, војната 2001 и сведоштва
[уреди | уреди извор]Сашо Китаноски е роден во семејство на просветни работници на 11 ноември 1961 година во Прилеп. Мајка му е подделенски наставник во пензија, а татко му бил професор по ОНО. Токму затоа Сашо завршил факултет за општонародна одбрана. Во новонастанатата ситуација со осамостувањето на Македонија, Сашо немал можност целосно да и се посвети на струката. Се вработил во „Еуроинвест“, додека колективот бил целосен, Подоцна, со расцепкувањето на фирмата, минува во „Еурокомпозит“. Таму, во времето на Мирослав Маркушески, шест години е втор човек. За она што го сторил во период од девет години, сметаат упатените, Сашо требаше да го наследи Маркушески, а не да биде доведен во ситуацција да ја напушта работната организација. Но, така одат работите кога во секој сегмент ќе се вплетка политиката.
Сите оние кои го познавале Сашо говорат со посебен пиетет. Луѓето му биле соседи, се знаеле од работа или од минување, а добивате впечаток дека му биле најблиски. Неговата смрт ја чувствуваат како нешто најлично. Веројатно затоа, неговата сопруга ќе рече: „Сашо не загина ниту за ВМРО ДПМНЕ, ниту за СДСМ, загина за својата татковина која ја сакаше над се“.
Сашо беше прекрасен родител и не покажуваше никаква слабост. Тој помагаше на секого кому му требаше помош. Кога на Македонија и се случи војната во 2001 година, Сашо не тргна настрана да си ја гледа својата мака. Не размислуваше ниту за ВМРО ДПМНЕ ниту за СДСМ. Со својата стручност гледаше да помогне толку колку што може и колку ќе биде побарано од него. Китаноски беше командант на одбрана на градот Прилеп. За мобилизацијата не чекаше да му стаса поканата. Сам отиде и си ја зеде. Во гарнизонот, до драгичниот настан кај Карпалак каде што ќе загине, остана три недели. По 18 часа во денот беше таму. И во Тетово не мораше да оди. Обврската му била обука на резервистите и организација на одбраната на градот. Велеше:
„ | Резервистите мора да се обучат, а јас морам колку е можно повеќе да бидам со нив. Што командант сум јас ако луѓето не ги однесам до позициите и ако не ги вратам дома, ако не сум со нив | “ |
Сашо зад себе ја остави сопругата и неговите две деца. Сашо Китаноски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „13 години од загинувањето на македонските резервисти кај Карпалак“. Фокус. 8 август 2014. Посетено на 2015-06-03.
- ↑ „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2019-03-29.