Пеце Секулоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пеце Секулоски
24.09.1970 – † 08.08.2001 (30 год.)
Пеце Секулоски.png
Роден во:Бело Поле, Прилеп, Македонија Македонија
Починал во:Масакрот кај Карпалак
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Резервист во MacedonianArmyLogo.svg АРМ
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја:Медал за храброст


Пеце Секулоски (Бело Поле, Прилеп, 24 септември 1970 – на автопатот Скопје - Тетово, Карпалак, 8 август 2001) бил македонски бранител, резервист во АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 8 август 2001 на автопатот Скопје - Тетово во масакрот кај Карпалак.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Живот и војната 2001[уреди | уреди извор]

Пеце Секулоски е роден на 24 септември 1970 во прилепското село Бело Поле. Потекнува од сиромашно семејство. Оние кои го познале Пеце го опишуваат како чесен и мирен човек. Од неговото село, само тој ја добил поканата од АРМ. Ден пред да загине, му се јавил на брат му, се јавил од касарната, и му рекол да врати пари на неколку другари на кои им бил должен. Пеце пред неговата смрт со години градеше куќа во родното село, надевајќи се после тоа да најде жена и да создаде фамилија.[2]

На 8 август 2001 година загинвува во заседата кај Карпалак.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „13 години од загинувањето на македонските резервисти кај Карпалак“. Фокус. 8 август 2014. http://fokus.mk/trinaeset-godini-od-zaginuvan-eto-na-makedonskite-rezervisti-kaj-karpalak/. посет. 3 јуни 2015 г. 
  2. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 121 – 123