Душко Синадиновски
Душко Синадиновски | |
---|---|
2 ноември 1960 – † 9 август 2001 (40 г.) | |
Роден во: | Ратае, СР Македонија |
Починал во: | Ратае, Тетовско |
Служба во: | Македонија |
Чин: | Полициски резервист |
Единици: | СВР Тетово |
Битки/војни: | Војна во Македонија 2001 |
Одличја: | Медал за храброст |
Душко Синадиновски (Ратае, Општина Јегуновце, 2 ноември 1960 – Ратае, Општина Јегуновце, 9 август 2001) бил македонски бранител, полицаец на СВР Тетово и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинува на 9 август 2001 година при напад од терористите на полицискиот пункт во тетовско Ратае.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Живот, војната 2001 и смрт
[уреди | уреди извор]Немирот и пустошот го исполнуваат тетовското село Ратае цел на албанските терористи во сите кризни времиња во земјава. Во ноќта меѓу 8 и 9 август жртва на военото проклетство стана и Душко син на Богдан и на Љупка, полицаец кој со целото свое битие се стави во служба на одбрана на нападнатиот од терористите дел од Републиката.
На деветгодишнината од загинувањето, во родното Ратае, Тетовско, на Душко Синадиновски, припадник на резервниот полициски состав, тетовскиот разгранок на „Достоинство“ откри спомен-плоча.[2]
Зад себе остави сопруга со две деца. Душко Синадиновски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Тетово нема да падне“. Вест. 10 август 2001. Архивирано од изворникот на 2013-10-02. Посетено на 2015-08-30.
- ↑ „Спомен-плоча за Душко Синадиновски“. Утрински Весник. 9 август 2010. Посетено на 2015-08-30.
- ↑ „Посмртно одликување со Медал за храброст за 32 припадници на безбедносните сили на МВР“. president.mk. 7 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2019-03-28. Посетено на 2019-03-30.