Ердован Шабаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ердован Шабаноски
24.10.1980 – 08.08.2001 (20 год.)
Ердован Шабаноски.png
Роден во:Прилеп, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Карпалак, Македонија Македонија
Служба во:Македонија Македонија
Чин:MacedonianArmyLogo.svg Резервист во АРМ
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја:Medal za hrabrost mk.png Медал за храброст


Ердован Шабаноски (Прилеп, 24 октомври 1980 – на автопатот Скопје - Тетово, Карпалак, 8 август 2001) бил македонски бранител со ромско потелко, резервист во АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 8 август 2001 на автопатот Скопје - Тетово во масакрот кај Карпалак.[1][2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Живот, војната 2001 и сведоштва[уреди | уреди извор]

Ердован Шабаноски е роден на 24 октовмри 1980 година во Прилеп и потекнува од сиромашно ромско семејство. Сестрата на Ердован беше мажена за Веби Рушитоски, кои подоцна заедно ќе загинат во масакрот кај Карпалак. Во својот кус живот работел сè и сешто, секаде и кај секого што ќему понудел некаква работа. За да не остане куќата празна, решил после отслужувањето војска да се жени. Имал две деца. Во тој период одбранбените сили на Македонија забрзано мобилизираше резервисти. Ердован, заедно со зета си Веби Рушитоски одлучиле да се пријават на мобилизацијата. Со парите сакале да купат коњи и да почнат да работат во шумското, да влечкат огревно дрво по планината и така да си обезбедат егзистенција.[3]

Седум дена Ердован и Веби Рушитоски, со многу други од Прилеп минале на обука во касарната и на Криволак. После тоа заминале со прилепскиот конвој кон Тетово, каде што загинаа во масакрот кај Карпалак на 8 август 2001 година. Шабаноски постхумно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „10 војници загинаа кај Карпалак“. А1. 08.08.2001. 
  2. „13 години од загинувањето на македонските резервисти кај Карпалак“. Фокус. 8 август 2014. конс. 2015-06-03. 
  3. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 138
  4. „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012.