Споменик на Бранителите (Битола)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Поглед кон споменикот

Споменикот на Бранителите или Ангелот[1] претставува спомен обележје на загинатите бранители од Битола и битолско во конфликтот од 2001 година. Споменикот претставува ангел со издигната рака вперена кон небото. Висок е повеќе од четири метри. Посветен е на Илче Стојановски, Бошко Најдовски, Кире Костадиновски и Марјан Божиновски кои загинале во масакрот кај Вејце, и Благојче Силјанов, Влатко Миленковски и Пеце Матичевски кои ги загубиле животите на 5 јуни 2001 година во Шипковица. Споменикот е дело на велешкиот вајар Ангел Коруновски. Споменикот заедно со постаментот достигнува висина од околу седум метри, а тежи скоро тон и половина. За неговата изработка биле потребни осум месеци. Општината Битола за изградбата на Споменикот на бранителите потрошила 150.000 евра, а во уредувањето на просторот биле вклучиле и локалните јавни претпријатија. Свечено бил поставен на 27 април 2011 година.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Споменик на бранителите кај Градскиот часовник во Битола“, Вест (посет. 5 јули 2011 г). (на македонски)
  2. „ВО БИТОЛА ПОДИГНАТ СПОМЕНИК ЗА БРАНИТЕЛИТЕ ОД 2001 ГОДИНА“ (македонски). Телма. 28.04.2011. конс. 2011-07-05. 

Галерија[уреди | уреди извор]