Прејди на содржината

Султана Делчева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Султана Нурџиева Делчева
Родена 1850
Морарци, Солунски Пашалак, Османлиско Царство
Починала 1907(1907-00-00) (возр. 56–57)
Кукуш, Солунски Вилает, Османлиско Царство

Султана Нурџиева Делчева (Мурарци, Кукушко, 1850Кукуш, 1907) ― домаќинка, сопруга на Никола Делчев и мајка на народниот јунак Гоце Делчев.

Имала вкупно девет деца: пет ќерки и четири сина: Руша (родена во 1868 г.), Цоца (1870), Гоце (1872), Тина (1874), Велика (1876), Димитар/Мицо (1879), Елена (1881), Милан (1883) и Христо (1885). Тројца од синовите загинале во националноослободителните борби – Мицо (1901), Гоце и Милан (1903).[1]

Потекнува од родот на Јанев Нуриџиев, кој бил познат во селото. За Султана не се знае многу, но ја сметале за убава и скромна мома.[2]

  1. Јован Павловски, Огнено семејство. Спомени на Лика Чопова, Скопје, 1978.
  2. Юрукова Лика Чопова, Спомени за семейството на Гоце Делчев, Септември VI (1953).