Серсемли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Серсемли
Ξηρόβρυση
Серсемли is located in Грција
Серсемли
Серсемли
Местоположба во областа
Серсемли is located in Кукуш (општина)
Серсемли
Местоположба на Серсемли во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°1′N 22°52′E / 41.017° СГШ; 22.867° ИГД / 41.017; 22.867Координати: 41°1′N 22°52′E / 41.017° СГШ; 22.867° ИГД / 41.017; 22.867
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000219000000219 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно172
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Серсемли (грчки: Ξηρόβρυση, Ксировриси , до 1927 Σεσεμλή, Серсемли)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушки округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 6 километри северно од градот Кукуш (Килкис), на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 219 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, Серсемли се состоело од 22 семејства со 70 жители муслимани[3]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Серсемли имало 220 жители муслимани[4].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 110 жители, додека во 1920 година 143 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[5]. Во 1926 година, селото било прекрстено во Ксировриси.[6]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 230 жители бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 354 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 204 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 204 жители, во 1971 година имало 161 жители, во 1981 година имало 153 жители, додека во 1991 година имало 134 жители[8]. Денеска, населението на селото е 172 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 354 204 204 161 153 134 172 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]